Број на текстови објавени денес: 62

МВР: Случајот со Диме Спасов е чист како солза

zgrada-na-MVR-2

Случајот во кој заменик министерот Диме Спасов предизвика сообраќајни несреки е „чист како солза“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Министерот Оливер Спасовски соопшти дека истрагата е завршена и најави дека најдоцна утре ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните органи против учесниците во инцидентот.

– Законот ќе важи подеднакво за сите, без разлика дали е министер или е обичен граѓанин на Република Македонија – рече Оливер Спасовски.