Број на текстови објавени денес: 18

МВР: Поради мобилен, Иванов не летна за Мадагаскар

download799

МВР и УБК вечерва известија дека авионот на „Туркиш ерлајнс“ одлета за Истанбул без претседателот Ѓорге Иванов. Причина за тоа е е активен мобилет телефон кој бил во багажот на турски државјанин, поради што, обезбедувањето на Иванов се посомневало дека во авионот има активна бомба и го евакуирало Иванов на безбедна локација, дознава Плусинфо.

Од УБК и МВР велат дека патник во авионот пронашол активен мобилен телефон. Ја алармирал стјуардесата, која веднаш го алармирала капетанот на летот кој знае дека превезува ВИП личност за Истанбул, односно Ѓорге Иванов.

Авионот бил подготвен за лет,  веднаш преку контролата на летање било издадена наредба тој да се врати на итен претрес, Авионот бил влечен до безбедна локација, а Иванов со засилени мерки на безбедност бил однесен на сигурна локација. Откако куче трагач на МВР открило дека не е бомба, туку мобилен телефон на кој пристигнувало смс од Турција,се дало дозвола летот да замине Истанбул. Иванов вечерва остана во Скопје. Иванов преку Истанбул требал да замине за Мадагаскар на Самит за франкофонијата.