Број на текстови објавени денес: 0

МВР НА Р.М. БИЛТЕН НА НАСТАНИ ЗА ДЕН 31-10-2016

zgrada-na-MVR-2

На 30.10.2016 година во 22.40 часот во ПС Центар Р.О.(18)  пријавил дека околу 21.00 часот на бул.„Кузман Јосифовски-Питу“, додека се шетал со неговите другари и соседи Ф.К.(21) и еден седумнаесетгодишник и еден петнаесетгодишник, сите од Скопје, биле пресретнати од околу десетина непознати маскирани лица, кои без повод и причина физички  ги нападнале Р.О. и седумнаесетгодишникот. Истите ги удирале со раце и нозе во пределот на главата и телото, при што на Р.О. од џебот на тренерката му одзеле 1 000 денари. Ф.К. и петнаесетгодишникот успеале да побегнат. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

На 30.10.2016 година во 19.30 часот во Скопје на Градскиот стадион, при извршување на работни задачи – обезбедување за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Победа од Прилеп, полициски службеник од Единица за јавен ред и мир од СВР Скопје, додека интервенирал при нарушен Јавен ред и мир, од страна на непознато лице од навивачката група на ФК Победа бил удрен со метална шипка во пределот на главата. Лекарска помош му била укажана во Градска општа болница „Наум Охридски“, каде му била констатирана телесна повреда, по што бил пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

На 30.10.2016 година околу 08.30 часот во с.Љуботен, скопско, обработувајќи нива со трактор, И.А. (53) од истото село, застанал со тракторот сакајќи да ги исчисти плуговите, но бидејќи бил поставен на надолнина,  тракторот започнал да се движи. И.А. се обидел да го запре со раце, но бил соборен на земја, по што тракторот му поминал преку левата страна од градниот кош и ногата. Истиот бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски,“ каде му биле констатирани телесни повреди по што бил задржан во одделот за Интензивна нега на понатамошно лекување. Полициски службеници од ПС-Чаир не излегле на местото на настанот, бидејќи член на семејството на И.А. го пренел тракторот од нивата во неговиот дом.

 

На 30.10.2016 година во 09.05 часот, во просторот помеѓу м.в.„Војничка чешма“ и ГК12, на околу 50 метри во внатрешноста на територијата на Р. Македонија, во грмушка, полициски службеници од ПС за ГП и ГН-Ново Село пронашле црна платнена торба во која имало непозната растителна материја. Бил извршен увид на местото на настанот, при што било констатирано дека во торбата имало 21 најлонско пакување со по околу килограм непозната растителна материја.  Во 14.30 часот, со записник за предавање на пронајдени предмети, истите биле предадени на ОКП Струмица за понатамошна постапка.

 

На 30.10.2016 година во 15.10 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека на бул. „Видое Смилевски Бато“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (52) од Скопје и моторцикл управуван од Б.Н. (19) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторциклот. Истиот, во коматозна состојба е пренесен и задржан на лекување во Ургентниот центар – КАРИЛ. Како сопатник на моторциклот бил А.Р. (22), и истиот бил задржан во Ургентниот центар и е во стабилна состојба. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.

 

На 30.10.2016 година во 14.00 часот, во атарот на с.Рамно, битолско, П.Г., управувајќи трактор, се превртел при што се здобил со тешки телесни повреди. Истиот бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде бил задржан на лекување. Увид на местото на настанот ќе се врши на 31.10.2016 година.

 

НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Г. (30) и Д.Г. (26), двајцата од с. Ростуше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против М.А. (61) од Дебар поради потоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и  „телесна повреда“  при вршење семејно насилство.  На 10.09.2016 година околу 16.00 часот во куќата сопственост на М.А. во с.Велебрдо, пријавените Т.Г. и Д.Г.,  откако претходно со употреба на физичка сила провалиле во истата, кршејќи ја влезната врата, влегле внатре по што и физички го нападнале М.А. удираќи го со тупаници, клоци и дрвен предмет по главата и телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Од преземените мерки, било утврдено дека, како причина за девијантното однесување било тоа што, истиот ден М.А. физички го нападнал нивниот дедо П.Ѓ. (79).  М.А. кривичните дела ги извршил на 10.09.2016 година околу 15.00 часот во просториите на црквата „Свети Ѓорѓија“ во с.Велебрдо, кој монтирал шанк во трпезаријата на црквата. Истиот, прво започнал вербална расправија со оштетениот, а потоа и физички го нападнал, кој откако паднал на земја го удрил и со остар предмет, од што оштетениот се здобил со телесна повреда во пределот на главата.