Број на текстови објавени денес: 0

МВР НА Р.М. БИЛТЕН НА НАСТАНИ ЗА ДЕН 20.11.2016 ГОДИНА

zgrada-na-MVR-2

На 20.11.2016 година околу 17.20 часот во Скопје  на ул. „Тале Христов“, во спортска обложувалница, сопственост на А.Ф., две непознати маскирани и вооружени лица извршиле разбојништво. Истите влегле и со закана со пиштол од двајца вработени одзеле засега неутврдена сума на пари, по што го напуштиле местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

На 20.11.2016 година во 18.10 часот во Радовиш, во казино на Плоштад „Слобода“ непознато маскирано и воружено лице извршило разбојништво во обид. Сторителот влегол и со закана со пиштол побарал пари од вработените. Откако не му биле дадени пари, сторителот го напуштил местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од НК КР Радовиш. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

На 20.11.2016 година во 14.00 часот во ПС Кочани, С.М. (31) од Кочани пријавила дека на  19.11.2016 година во два наврати, од страна на  И.М. од Кочани било извршено силување и други полови дејствија над нејзината четиринаесетгодишна керка. Имено, И.М најпрво со своето возило го однел девојчето на м.в.„Гумата“, во близина на с. Грдовци, ја извадил од возилото и со употреба на сила ја разголил и ја допирал со рацете во пределот на телото. Подоцна со возилото ја одвел на периферијата од градот, каде што во возилото, на сличен начин, повторно извршил исто дејствие. Малолетничката, во двата случаи, пружала отпор и се обидувала да го оттргне, истовремено викајќи  за помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 21.11.2016 година околу 00.00 часот во Скопје, во угостителски објект настанала расправија помеѓу  А.П. (62) од Скопје и З.П. Набргу потоа, станале и излегле од угостителскиот објект и надвор продолжиле со расправијата.  Во еден момент З.П. му удрил тупаница на А.П.  во пределот на носот. Откако А.П. паднал на земја, З.П. зел камен и неколку пати со каменот го удрил во пределот на главата, по што го напуштил местото на настанот. Повредениот А.П. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 20.11.2016 година околу 15.00 часот во Тетово на бул. ,,Илинденска‘‘, додека З.П. (28) од Тетово заедно со својата сопруга С.П. (25) и нивното бебе, се движеле со своето ПМВ „Цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, З.П. слушнал удар на кровот од возилото и во истиот момент почуствувал болка во пределот на главата. Веднаш се паркирал и излегол од возилото, при што забележал дека од главата му тече крв. Од страна на случаен минувач бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде од страна на лекар му била констатирана повреда во пределот на главата и по укажаната лекарска помош  бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово, при што во возилото било пронајдено зрно од куршум со кал. 7,62мм, кој е подигнат за вештачење. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 21.11.2016 година во 03.35 часот во Тетово на ул. „ЈНА“, пред угостителски објект, сопственост на Ф.Ш. (28) од Тетово, непознати сторители фрлиле стаклено шише со запалива течност. Шишето удрило на лимена подлога по што паднало на тротоарот се скршило и се запалило. По кратко време огнот сам се изгаснал. По пријавување на настанот веднаш излегла и екипа од Територијалната противпожарна единица Тетово, но не интервенирала. По кажување на сопственикот на угостителскиот објект не била причинета материјална штета. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

На 20.11.2016 година во 20.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово, на наплатната рампа за патарина на влез во Тетово, при обид за наплата на патарина на автобус со скопски регистарски ознаки, од автобусот излегле околу 10 непознати лица и истите физички го нападнале вработениот Р.И. (53) од Тетово, ја откорнале металната шипка и со истата ја искршиле кабината по што заминале. На Р.И. му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово, по што бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

На 20.11.2016 година во 15.00 часот во с.Горна Бањица, гостиварско, по завршување на фудбалски натпревар меѓу екипите од с.Г.Бањица и „Беса“ од с.Добридол, група граѓани од с.Бањица влегле на терен и го нападнале главниот судија С.М. (28). По брзата интервенција на полицијата бил спречен посериозен инцидент. Во ПС Гостивар судијата посочил дека  меѓу напаѓачите го забележал Е.А., кој со тупаници во пределот на главата и со нога во пределот на телото му нанел повреди, а потоа почнале да го удираат и други лица од с. Горна Бањица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 20.11.2016 година во 14.14 часот во ЕИК Скопје, лекар од домашна посета пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот на линијата 194 им се јавило непознато лице и пријавило дека во стан на бул. „Видое Смилески Бато“ има починато лице. Од страна на екипа од Итна медицинска помош било излезено на местото на настанот каде од страна на лекар во 10.05 часот била констатирана смрт на Д.Ц.(46). Полициски службеници излегле на местото на настанот, каде бил извршен разговор со Љ.К. (72), со стан на наведената адреса, тетка на Д.Ц. Притоа, било констатирано дека истиот пред две недели дошол да престојувал кај неа. Откако во 08.40 часот почнал да му ѕвони алармот од телефонот, истата се обидела да го разбуди, но забележала дека не давал знаци на живот, по што веднаш повикала Брза Помош. За настанот известен бил и Јавен обвинител, по чија  наредба телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

 

На 20.11.2016 година во 12.30 часот на патот Битола-Прилеп била пронајдена артилериска граната од 155 мм од Прва Светска Војна. Од страна на пиротехничар истата била безбедно подигната.

 

На 20.11.2016 година околу 14.30 часот  на ул. „Димитар Влахов“, с.Смојмирово, беровско, при ископ на канализација, бил затрупан со земја Ј.С. (38) од Крива Паланка. Истиот се здобил со тешки телесни повреди и починал на самото место.  Смртта е констатирана од страна на екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот  извршила екипа од НК КР Берово и трудов инспектор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 20.11.2016 година во 08.30 часот на ГП Аеродром  „Александар  Велики“ Скопје, при пасошка контрола, констатирано било дека В.Х. (67) од Швајцарија го пречекорил дозволениот туристички престојот во РМ од 90 дена во шестмесечен период. Истиот бил лишен од слобода и во  11.30 часот бил предаден на РЦ за ГР Север  за понатамошна постапка.

 

На 19.11.2016 година околу 17.20 часот, полициски службеници од ПО Маврово, во с.Леуново, гостиварско, во викенд куќа сопственост на Х.Х. (54), ги затекнале С.С. (54) и С.Б. (51), двајцата од Р.Албанија,како нелегално работат и немаат пријавено туристички престој. Истите биле приведени и против нив биле поднесени соодветни пријави и изречени им се глоби. Странските државјани ќе бидат депортирани преку ГП „Блато“.

 

НК за КР Гостивар поднесе  кривична пријава против Х.Х. (30) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присилба спрема правосуден работник“. На 22.09.2016година околу 23.30 часот, во ходникот на ОЈО Гостивар, пријавениот го чекал оштетениот Јавен Обвинител А.А. (33) од с.Градец, гостиварско,  заедно со уште едно непознато лице. Оштетениот кога слегол од вториот  кат од зградата на Основен Суд Гостивар, каде пред судија на претходна постапка, дал предлог за мерка притвор против лицето И.Ќ. од с.Неготино, пријавениот му упатил вербални закани, со цел да му влее страв за да ја смени одлуката за мерка притвор.  По ова пријавениот со уште две лица седеле пред зграда на Основниот суд – Гостивар, а оштетениот, бидејќи се чуствувал загрозен, се јавил во полиција и побарал помош  и од нивна страна бил однесен до неговиот дом. На 24.09.2016 година пријавениот го побарал оштетениот на мобилниот телефон настојувајќи да се видат, по што оштетениот го одбил. Истиот ден во 15.45 часот пријавениот бил лишен од слобода.