Број на текстови објавени денес: 62

МВР НА Р.М. БИЛТЕН НА НАСТАНИ ЗА ДЕН 17-11-2016 ГОДИНА

zgrada-na-MVR-2

На 17.11.2016 година во 02.30 часот во ПС  Гостивар, Љ.С. (28) од с.Речане, гостиварско,  пријавил дека околу 01.50 часот во Ургентното одделение на Медицинскиот центар во Гостивар дошол Б.Х. (23) од с.Градец, гостиварско, со негов другар и истиот од персоналот побарал да му се укаже лекарска помош на неговиот другар затоа што бил во алкохолизирана состојба. Откако Љ.С. му рекол да го легне на еден од креветите ,  Б.Х. почнал да го навредува и да му упатува вулгарни зборови, по што започнала караница. Во еден момент Б.Х. посегнал по нож со кој му се заканил на  Љ.С., кој за да се одбрани му ја фатил раката, но не можел да му го одземе ножот. Бидејќи му рекол дека нема да го нападне, Љ.С. му ја пуштил раката, а Б.Х. го вратил ножот во џебот. Веднаш потоа Љ.С. го пријавил настанот во полициска станица. Полициски службеници го  пронашле ножот во просторија на МЦ Гостивар, а од Б.Х. била земена крв и урина. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

 

На 16.11.2016 година во 23.00 часот од ЕИК Скопје е известено дека истиот ден околу 19.05 часот во Скопје на бензиска пумпа на ул. „Македонско-Косовска Бригада“ непознато маскирано лице извршило тешка краба во обид. Сторителот ја искршил влезната врата и едно странично стакло. Откако забележало дека внатре се наоѓа вработениот , веднаш се дало во бегство. Во тој момент вработениот  истрчал надвор и во паника испукал еден куршум во воздух од пиштол кој го поседувал со дозвола. Во консултација со Јавен обвинител истиот дал насока – обидот за влез на бензиската пумпа од маскираното лице да се класифицира како кривично дело „обид за тешка кражба“, а додека истреланиот куршум во воздух од страна на вработениот да се класифицира како „предизвикување општа опасност“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

На 16.11.2016 година околу 14.30 часот во ПС ОН Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив дошол Ф.А. (57) од Гостивар, вработен како професор по хемија во СОУ Гимназија – Гостивар,  и две ученички во втора година во наведената гимназија. Истите се жалеле на малаксаност и вртоглавица и дека на часот по хемија, во училницата почувствувале неподнослив мирис. Им била укажана лекарска помош и од страна на доктор – инфектолог констатирано било дека кај истите нема знаци за труење. Од страна на екипа од НК КР Гостивар било излезено местото, при што не биле пронајдени никакви предмети или траги и не бил почувствуван никаков неподнослив мирис. За настанот бил запознат Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 16.11.2016 година околу 16.45 часот на регионалниот пат Скопје – Велес, во населба „Гоце Делчев“,  се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Пежо Партнер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (24) од с.Јурумлери и автобус „Лаз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.П. (32) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., која со возило на Итна медицинска помош  била пренесена во Ургентен центар Скопје, каде од страна на лекар и била укажана помош со реанимација. Од здобиените повреди во 18.20 часот истата починала. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОУСН-Скопје. По наредба на Јавен обвинител на местото излегол обдуцент од институтот за судска медицина.

 

На 16.11.2016 година во 12.40 часот во Струмица на бул.„Ленинова“ се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.А. (26) од с.Чанаклија, струмичко, велосипед управуван од И.Н. (50) од с.Добрејци и паркирано ПМВ „Смарт“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Б.С. (56) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот И.Н., на кој му била укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС за БПС Струмица.

 

На  16.11.2016 година во 11.30 часот на  ГП „Долно  Блаце“, при пасошка контрола било  констатирано дека лицето И.С. (48)  евидира со мерка „Апси“.  Истиот бил лишен  од слобода  и  во 12.30 часот, со Потврда за предавање лице, бил предаден на полициски службеници од  ПС Чаир   за понатамошна постапка.