Број на текстови објавени денес: 70

МВР НА Р.М. БИЛТЕН НА НАСТАНИ ЗА ДЕН 15.11.2016 ГОДИНА

zgrada-na-MVR-2

На 14.11.2016 година во 20.30 часот во Штип на ул. „Љубен Иванов“ во прехранбена продавница непознат маскиран и вооружен сторител извршил разбојништво над вработената. Сторителот влегол во продавницата држејќи пиштол во раката, го вперил кон вработената и ѝ побарал пари. Истата почнала да бара помош, по што сторителот се доближил до касата и со употреба на физичка сила ја отворил металната фиока, одзел околу 17.600 денари и го напуштил местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

 

На 14.11.2016 година во 10.50 часот во ПС Ресен, М.Г.(64) од Ресен  пријавил тешка кражба во магацински простор наменет за престој во атарот на с.Стипона, која била извршена од непознат во периодот од 19.00 часот на 13.11.2016 година до 07.00 часот на 14.11.2016 година. Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре каде по извршеното  претурање одзел ловна пушка „Застава“ калибар 12мм, сопственост на зетот на пријавителот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

 

На 14.11.2016 година во 13.50 часот во ПС Гази Баба, Н.Б. (68) од с.Отља, кумановско, пријавил дека во текот на месец Јули 2016 година од страна на лицето Н.М. од Тетово му била извршена измама за сума од  20.000 евра. На една средба во ресторан во с.Сарај со Т.Б, ќерка на пријавителот и со нејзина другарка пријавениот  Н.М. им се претставил како полициски инспектор по дрога и оружје во СВР Тетово и доколку им затребал истите можеле да го побараат. Тогаш Т.Б му кажала дека нејзиниот брат Б.Б. е во затвор, на што тој им кажал дека има пријатели во затвор и во суд и дека можат да ги исклучат камерите за тие да го посетат. По неколку дена се сретнале во населба Ѓорче Петров и Н.М. наводно се јавил на адвокатот за да го праша колку пари се потребни за да го ослободат Б.Б. од затвор. Т.Б.  на Н.Б. му кажала дека се потребни поголема сума на пари за ослободување на Б.Б., за што тој прифатил и одвоил 20.000 евра, кои му ги дале на Н.М. Кога Н.Б. во месец септември отишол на посета кај синот во затвор и го прашал дали дошол адвокатот, истиот појаснил дека до сега немал посета од никого во затворот, по што Т.Б. и Н.Б. неколку пати се обиделе да го добијат телефонски Н.М., но истиот не се јавувал. Кога тој ги барал телефонски им барал уште пари, при што сфатиле дека се измамени за сума од 20 000 евра.

 

На 14.11.2016 година во 20.30 часот во ПО Групчин, Ф.Н. (38) од с.Палатица пријавил дека истиот ден околу 18.00 часот лицето Б.Н. извршило насилство врз него. Пријавителот отишол да го земе неговиот син во автоелектричарски салон лоциран во с.Желино. Додека Ф.Н. бил во неговото ПМВ „Фолксваген Пасат“ дошол Б.Н. од с.Копанце, кој поради нерасчистени должничко доверителски односи ја отворил возачката врата од неговото возило и со железен пендрак му задал два удари во пределот на главата по што се здобил со видливи повреди во пределот на главата, по што  извадил и нож со кој сакал да го нападне. Во тој момент излегол сопственикот на сервисот Ш.Н., кој го тргнал напаѓачот и му кажал да влезе во своето возило. Потоа Б.Н. го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на сучајот.

 

На 15.11.2016 година во 00.01 часот во ЕИК Скопје од Ургентен центар Скопје било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето Д.Т. (45) од Скопје. Истиот на 14.11.2016 година во 23.35 часот на крстосноцата од бул. „Партизански Одреди“, ул. „Бледски Договор“ и ул. „Париска“, управувајќи ПМВ „Волксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонска жардињера на средишниот дел од коловозот од бул. „Патизански Одреди“, по што возилото се превртело на кров. Од сообраќајната незгода Д.Т. не се здобил со повреди, но кај истиот биле констатирани тешки телесни повреди од огнено оружје во пределот на стомакот, градниот кош и раката и е неконтактибилен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

На 14.11.2016 година околу 15.30 часот во атар на с.Свети Тодори, битолско, на м.в. „Кошари“, М.П.(52) и О.А. (35), двајцата од с.Свети Тодори, отишле со трактори да собираат дрва. Во еден момент О.А. заглавил со тракторот, а М.П. со каиш го прикачил неговиот трактор за тракторот на О.А. и се обидел да го извлече. При обидот дошло до кинење на каишот, по што М.П. се превртел од тракторот и се здобил со повреди во пределот на главата и паднал во безсознание. Истиот  со возило бил пренесен до с.Ивањевци од каде со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Битола каде му се констатирани тешки телесни повреди во пределот на главата и вратот, и се наоѓа во животна опасност. Поради непристапност на теренот, а во консултација со Јавен обвинител, увид на местото на настанот ќе се врши на 15.11.2016 година.

 

На 13.11.2016 година во периодот од 18.00 до 21.00 часот во Прилеп на ул. „Прилепска Бригада“, во куќа сопственост на К.Р. (33) од Прилеп, непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот со употреба на подесен клуч ја отворил вратата, влегол внатре и одзел поголема количина златен накит. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

На 14.11.2016 година во ПС Центар, Р.А. директор на Јавна установа- Детски дом  „11-ти Октомври“ пријавил дека на 12.11.2016 година петнаесетгодишно девојче, која е корисник на домот, без одобрение на воспитувач се оддалечила од домот во непознат правец.

 

На 14.11.2016 година во 11.30 часот во СВР Велес Д.Ц. (57) од Велес пријавила дека на 11.11.2016 година околу 10.15 часот нејзината ќерка Д.Д. (24) излегла од куќата и заминала во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 14.11.2016 година во 17.15  часот во ПС Гази Баба, В.С. социјален работник во ЈУЗДВСП и НП-Скопје, пријавила дека лицето четиринаесетгодишна штитеничка во домот, на 13.11.2016 година во 18.55 часот самоволно го напуштила домот, оддалечувајќи се во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 14.11.2016 година на патниот правец  Дебар-Маврово, помеѓу Бошков и Мелнички мост, поради работа на патот-асфалтирање, сообраќајот бил во целосен прекин во двата правци во периодот од 11.30 до 20.00 часот.

 

На 14.11.2016 година во периодот од 17.30 до 20.00 часот  на регионалниот пат Прилеп-Битола, на делницата од с.Беровци до с.Тополчани, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот бил во прекин во двата правци и истиот се одвивал по стариот пат.

 

Во врска со настанот „исчезнато лице“ даден во билтен од 13/14.11.2016 година, на 13.11.2016 година во 14.30 часот во Куманово, во објект во поранешен хотел „Кристал“, пронајдено било лицето Б.П. (49), кој бил пријавен за исчезнат.

 

НК КР Гевгелија поднесе кривична пријава против Ж.О. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 02.05.2016 година околу 02.00 часот на регионалниот пат за с.Давидово, при претрес и контрола на ПМВ „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициски службеници пронашле 1,8 грама опојна дрога марихуана во целофанско пакување, 3,28 грама амфетамин во полиетиленско пакување, 3,4 грама МДМА и 2,42 грама ЦНС.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.П. (24) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 07.11.2016 година околу 18.40 часот на ул. „Партизанска“ во Битола во аптека пријавениот со употреба на физичка сила од вработената одзел две ампули „тромадол“.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.С. (62) од Охрид, вработен како раководител на градежна оператива во ЈП ,,Градски гробишта“ – Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ . Пријавениот во текот на 2016 година како раководител на градежна оператива искористувајки ја службената положба во четири случаи не се придржувал на изготвените налози за вршење на градежни работи на гробните места, туку извршил зголемени градежни работи кои што не биле наведени во налозите, а со тоа биле извршени и работи кои не биле фактурирани со што предизвикал материјална штета на ЈП ,,Градски гробишта“  во износ од 31.258 денари.