Број на текстови објавени денес: 65

МВР НА Р.М БИЛТЕН НА НАСТАНИ ЗА ДЕН 11.11.2016-ТА ГОДИНА

zgrada-na-MVR-2

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца четиринаесетгодишни малолетници од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Пријавените на 06.11.2016 година со употреба на физичка сила му нанеле тешки телесни повреди на К.С. (18) од Скопје, кој се наоѓа на Клиниката за неврологија во тешка здравствена состојба и животот му е во опасност. Во текот на вчерашниот ден, пријавените биле повикани во надлежен  Суд и по дадените изјави, Судија на претходна постапка за малолетници на едниот му е одредена мерка -одземање на патна исправа, додека на другиот му е одредена мерка-забрана за издавање на патна исправа. Исто така,  двајцата треба секој понеделник задолжително  да се пријавуваат во надлежна полициска станица. Инаку, кривично правниот настан се случил на 06.11.2016 година околу 01.00 часот. Додека К.С., заедно со неговите другари, се движеле по ул. „Битпазарска“ им пришле пријавените деца кои без повод и причина започнале вербална расправија со оштетениот по што и физички го нападнале, удирајки го со тупаници во пределот на главата и градниот кош од кои удари оштетениот паднал на земја и го голтнал јазикот, по што пријавените се дале во бегство.

 

На 10.11.2016 година околу 23.00 часот во Битола на ул.„Довлеџик“ во дворот од куќата, сопственост на Џ.М., поточно во подземна гаража, две непознати маскирани лица со ножеви во рацете извршиле разбојништво над неговиот син М.М. (22). Додека М.М. го паркирал возилото сторителите втрчале во гаражата и заканувајќи му се со ножевите му побарале пари. Откако му одзеле 23.000 денари, 400 евра и мобилен телефон, сторителите побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

На 10.11.2016 година околу 12.40 часот во Скопје на ул.„Крсте Мисирков“ М.С. (18) од Скопје извршил спречување на службено лице во вршење работи од безбедноста. Поради непрописно паркирање двајца полициски службеници со специјално возило-пајак подигнале ПМВ „Голф“, сопственост на М.С. Тогаш  М.С. почнал да ги турка и влече по униформата, како и да се оглушува на нивните наредби. Истиот бил приведен во ПС Бит Пазар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

На 10.11.2016 година околу 17.00 часот во ЕИК Скопје, од страна на диспечерскиот центар на „ЈСП“ било пријавено нарушување на Јавниот ред и мир во автобус бр.„50“ на ЈСП, кој се движел од Бит Пазар кон Центар, поточно во близина на Бит Пазар. Десетина непознати машки лица, на горниот кат од автобусот, физички нападнале две седумнаесетгодишни момчиња од с.Орман, и од с.Мирковци. Притоа, двајцата малолетници се здобиле со видливи повреди во вид на црвенило и отоци по лицето и телото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

На 10.11.2016 година во 10.30 часот во ЕИК Скопје, од страна на Бригадата за противпожарна единица, добиена е пријава дека околу 09.30 часот во с.Волково, скопско, на ул.„70“ се случила експлозија во една од собите на горниот кат од куќата. До експлозијата најверојатно дошло од вклучена греалка во чија близина имало плинска боца од три литри од која истекувал плин, по што настанал и пожар. Ѓ.Ч. (60), при обид да го изгасне пожарот, се здобил со изгореници од прв и втор степен во пределот на главата и дветте раце. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен на пластична хирургија при Ургентен центар Скопје, каде бил задржан за следење на здравствената состојба. За време на експлозијата на долниот кат биле снаата и внуката кои не биле повредени. Од пожарот целосно била оштетена само една соба во која изгорел инвентарот, како и носечка дрвена конструкција од покривот. Увид бил извршен од екипа на ЕНК-ОКСД и ЕУМНА.

 

На 10.11.2016 година во 09.40 часот од МВР на Р.Србија, од заедничкиот контакт центар-Табановце било пратено известување дека нивна патрола на околу 20 метри од државната граница во македонска територија, во реонот на с.Стража бил забележан леш во фаза на распаѓање. Полициски службеници од ОДГ„Белановце“ се упатиле на наведеното место и пронашле човечки череп. Поради непристапност на теренот, односно отежнато движење со возила и стемнување, СВР Куманово увид на местото на настанот ќе изврши во текот на 11.11.2016 година.

 

На 10.11.2016 година во 19.30 часот на ПС за ГП и ГН Делчево пристигнал И.П. (47) од Велес, кој според евиденцијата на СКПВ остварил излез од Р.Македонија на 07.11.2016 година во 18.07 часот на ГП  „Деве Баир“,  управувајќи ТМВ „Волво“ со велешки регистарски ознаки.  Според неговата изјава, при влез во Р.Бугарија  на ГП „Ѓуешево“  го ставиле ТМВ на вага за мерење и наводно му побарале бакшиш. Откако истиот ги одбил му извршиле алкотестирање  кое покажало присуство на алкохол од 0,62% промили, по што му ја одзеле патната исправа. Според исказот на И.П., после тоа со записник и со полициска придружба го спровеле до полициска станица во Ќустендил. Истиот го искористил нивното невнимание, им побегнал и со такси возило допатувал до ГП „Станке Лисичково“.  Кога дошол до пасошка контрола на бугарска страна истиот не застанал, туку пеш се дал во бегство кон ПС за ГП и ГН-Делчево каде од полициските службеници на ГП Делчево бил запрен. За настанот е запознаен инспектор од ОПКМСР и по извршените проверки на лицето му е дозволен влез во Р.Македонија.

 

На 11.11.2016 година околу 23.40 часот во Амбулантата на Интерно одделение Тетово, од страна на вработен во централа при Клинички центар Тетово, било пронајдено починато непознато машко лице. При извршен преглед над телото на починатиот, од надворешна страна била забележана крв во пределот на носот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 10.11.2016 година во ПС Центар, од страна на ЈУ-МЦСР доставено е писмено известување-пријава дека од 26.05.2016 година од ул. „Васил Главинов“-Скопје, односно од бул. „Видое Смилевски Бато“-Скопје, исчезнато е петнаесетгодишно девојче и од 26.09.2016 година од истата локација исчезнал нејзиниот седумнаесетгодишен брат. Нивната баба П.Е. од Скопје и нивната тетка Ж.Н. во ЈУ-МЦСР  појасниле дека од причина што не биле старатели на малолетните деца не можеле да ги пријават за исчезнати, додека пак нивната мајка К.Е. (37) од Скопје од 2011 година била замината во Египет и од тогаш воопшто не се вратила дома.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 

На 10.11.2016 година во периодот од 15.50 до 18.15 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај автокампот Елешец, поради вршење увид на сообраќајна незгода и извлекување на превртено ТМВ на коловозот, сообраќајот бил во целосен прекин.

 

На 10.11.2016 година во 17.45 часот на автопатот Тетово-Гостивар, пред клучката за с.Камењане, се случила сообраќајна незгода  помеѓу ПМВ „Опел Тигра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.З. (28) од Велес, ТМВ „Фолксваген Фургон“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.И. (43) од с.Жеровјане, и ПМВ „Мерцедес Вито“ со кичевски регистарски ознаки, управувано Б.М. (34) од Кичево. Во незгодата со повреди се здобиле возачот на ПМВ „Мерцедес“-Б.М. и сопатниците од истото ПМВ-Д.М., Ш.М. (30) и А.А., како и сопатникот од ТМВ-В.Е. Истите биле пренесени во Клинички центар Тетово, од каде по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите Ш.М. како итен случај била префрлена во Ургентен центар Скопје, додека останатите се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Во периодот од 18.30 до 19.35 часот сообраќајот бил во прекин и истиот бил пренасочен по регионалниот пат Тетово-с.Пирок.

 

На 10.11.2016 година во 21.45 часот во ПС за ГП Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека во патната исправа на лицето X.J. (21) од Р.Албанија недостасуваат неколку страници. Од извршениот преглед над лицето и багажот што го поседува, пронајдени биле и италијанска возачка дозвола и лична карта на име M.A., за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Со потврда за привремено одземени предмети, одземена му е патната исправа и италијанските документи, по што лицето е приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против К.К. (62) од Велес, секретар во ОУ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Ф.И. (58) од Велес – одделенски наставник во истото училиште во Велес (претходно била директор) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.  Првопријавениот, при изготвување на платните списоци, сам си пресметал повисока плата за периодот од февруари 2015 година заклучно со Септември 2016 година, зголемувајќи го коефициентот предвиден за работното место кое го извршувал. Второпријавената, извршувајќи ја функцијата директор на наведеното училиште во тој период, со пропуштање на должен надзор и контрола на платните списоци изготвени од првопријавениот, му овозможила на истиот да се стекне со противправна имотна корист, со што го оштетиле буџетот на Р.Македонија за 88.600 денари.