Број на текстови објавени денес: 65

МВР НА Р.М , БИЛТЕН НА НАСТАНИ ЗА ДЕН 10.11.2016 ГОДИНА

zgrada-na-MVR-2

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Д. (44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ со смртни последици. Пријавениот на 20.09.2016 година на регионалниот пат Скопје –Велес, управувајќи ПМВ „Мерцедес“, удрило во Х.К. (19) од Скопје, кој управувал велосипед. Х.К., веднаш по настанот бил пренесен во Ургентен Центар Скопје , каде што починал по неколку дена.

 

На 09.11.2016 година во 11.25 часот во ПС Куманово било пријавено дека во Куманово, на ул. „Бранко Богдански Гуцман“, во вулканизерска работилница вработениот Љ.В. (52) од Куманово, додека работел,  се здобил со тешки телесни повреди. Љ.В.  додека пумпал гума од ТМВ-влекач „МАН“ со кумановски регистарски ознаки, која била поставена на машина, од непознати причини дошло до пукање на гумата при што Љ.В. паднал на земја и се здобил со тешки телесни повреди. Истиот бил пренесен во Медицински центар Куманово, каде е задржан на посматрање. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово во содејство на државен инспектор за труд, безбедност и здравје при работа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 09.11.2016 година во периодот од 11.00 до 12.10 часот на магистралниот пат Делчево-Македонска каменица, кај м.в. „Потпорен ѕид“, атар на с.Илиово, поради одрон на камења, сообраќајот бил во целосен прекин. Од 12.10 часот, по отстранување на камењата, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

 

НК за КР Валандово поднесе кривична пријава против Ј.А. (21) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Пријавениот на 05.10.2016 година во с.Пирава, валандовско, при меѓусебна расправија му нанел убодна рана во стомакот на С.М. (66) од Велес. По настанот Ј.А. заминал во непознат правец, а С.М. бил пренесен во Здравсвен дом-Гевгелија каде му била констатирана повредата.  По преземени мерки Ј.А. бил приведен.

 

НК за КР Ресен поднесе кривична пријава К.А. (31) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“ и против Л.М. (54) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, двајцата вработени како инспектори во Државен пазарен инспекторат. К.А. во текот на 2015 година неоправдано отсуствувал од работното место 26 работни дена, а на списокот за редовност се водел како присутен. Во овие денови истиот патувал во странство, а последователно во времето кога бил присутен на работното место се потпишувал и за нив дека бил наводно присутен, со што извршил фалсификување на евиденцијата, а иако бил неоправдано отсустен пријавениот редовно ја примал платата со што го оштетил Буџетот на Р. Македонија. Л.М. како одговорен работник, иако била должна да ја води евиденцијата за присутност  на вработените, таа им ја оставила истата на вработените сами да се потпишуваат во неа, дали и кога се присутни на работните места без при тоа да врши контрола, со што му овозможила на првопријавениот да го стори кривичното дело.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (32) од Р.Косово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „фалсификување исправа“. Пријавениот на 04.11.2016 година на ГП „Табановце“ , кој бил со патничко возило „Рено Лагуна“, од страна на полициски службеници му бил извршен преглед при што била пронајдена 1,35 грама наркотична дрога хероин и фалсификувана српска возачка дозвола на негово име.

 

ПС ОН Радовиш поднесе кривична пријава против Н.М. (31) од  Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 15.03.2016 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот при што биле пронајдени 13 отпушоци од рачно изработени цигари. Од вкупната маса на отпушоците, 1,38 грама преставува тутун, 5,55 грама преставува опојна дрога марихуана и  0,92 грама се семки од растението Канабис.

 

НККР Кичево поднесе кривична пријава против Б.З. (20) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 13.06.2016 година полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што пронашле најлонско ќесе со нето маса од 1,44 грама наркотична дрога – марихуана и една метална дробилка за дробење на марихуана.

 

НККР Кичево поднесе кривична пријава против Х.А. (22) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 31.07.2016 година во Кичево полициски службеници стопирале патничко возило марка „БМВ“ и кога полициските службеници се приближиле до возилото забележале како пријавениот од рака испуштил една рачно изработена цигара  со нето маса од 0,85 грама – наркотична дрога марихуана.