Број на текстови објавени денес: 0

МВР НА Р.М. БИЛТЕН НА НАСТАНИ ЗА ДЕН 06.11.2016 ГОДИНА

zgrada-na-MVR-2

На 06.11.2016 година во 22.21 часот во ЕИК Скопје, М.А. од Скопје пријавил дека непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа. Сторителот делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено претурање одзел пиштол „Глок“ со две рамки со по 17 куршуми. За настанот е запознаен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

На 06.11.2016 година во 01.05 часот во ЕИК Скопје граѓанин пријавил дека во Скопје на ул. „Бит Пазарска“ лежело машко лице во безсознание. Констатирано било дека се работи за  К.С.(18 ) од с.Визбегово, скопско. Од страна на Итна медицинска помош истиот бил пренесен во Ургентен Центар и моментално се наоѓа на КАРИЛ, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност. Имано, К.С. бил физички нападнат од страна на двајца четиринаесетгодишни малолетници од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 07.11.2016 година во 05.15 часот во ЕИК Скопје, И.Ф. од с.Арачиново, скопско, пријавил дека истиот ден околу 05.00 часот од возило непозната марка, кое поминувало пред неговата куќа, непознати лица фрлиле разни предмети предмети со кои искршиле четири прозорски стакла од долниот кат на куќата, каде е сместен Штабот на политичката партија „СДСМ“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

На 06.11.2016 година во 15.45 часот во СВР Куманово, Ј.А.(60) од с.Никуштак пријавил дека на 05.11.2016 година околу 01.00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата внука А.Е. (18) од с.Никуштак (ќерка на неговиот брат). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

Во врска со настан „исчезнато лице“ даден во Билтен од 05/06.2016 година, на 06.11.2016 година во 08.30 часот, во СВР Битола, И.В. (27) од Битола телефонски пријавил дека истиот ден околу 07.30 часот во атар на с.Мусинци, го пронашле неговиот татко Љ.В. од с.Долно Агларци, кој бил пријавен за исчезнат. Истиот бил во добра здравствена состојба, но поради слабата видливост (густа магла) се изгубил.

 

На 06.11.2016 година во 13.40 часот во Кочани, на магистралниот пат во атар на населба Оризари се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.С. (52) од Штип и велосипед управуван од Б.Т. (65) од н.Оризари-Кочани. Во  незгодата  со  тешки телесни повреди  се  стекнал  велосипедистот Б.Т., кој по укажаната медицинска помош во Јавна здравствена установа Кочани, поради сериозноста на повредите бил препратен во Клинички центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Кочани.

 

На 06.11.2016 година во 17.40 часот на регионалниот пат Тетово-с.Пирок, во с.Долно Палчиште се случила сообраќајна незгода во која И.А. (58) од с.Голема Речица, управувајќи ПМВ „Фолксваген Кеди“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешакот Б.С. (74) од с.Новаќе. Во незгодата пешакот Б.С. се пожалил на повреди, по што бил пренесен во Клинички центар Тетово, од каде поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

На 06.11.2016 година во периодот од 11.00 до 16.00 часот во нас.Гоце Делчев-Скопје, на регионалниот пат Хиподром-Петровец се одржал јавен собир од страна на Здружението на граѓани „Правда за Христијан“ и нивни подржувачи, чија цел било подигање на совеста на јавноста за безбедноста во сообраќајот како и вреднување на човечкиот живот. Во периодот од 12.00 до 14.20 часот бил блокиран сообраќајот на наведената локација од страна на околу 350 граѓани.  Во 14.30 часот дел од граѓаните си заминале, а околу 10 возила со граѓани се упатиле во населба Железара каде што живее градоначалникот на Општина Гази Баба. Околу 60 граѓани протестирале мирно пред влезот на зградата, а неколку од нив заѕвониле на врата од станот каде што живее градоначалникот, при што на членови на неговото семејство дале една маица со ликот на загинатиот Христијан. Во 15.20 часот мирно протестот завршил мирно и без инциденти.