Број на текстови објавени денес: 70

МВР НА Р.М БИЛТЕН НА НАСТАНИ ВО Р.М. ЗА ДЕН 22.11.2016 ГОДИНА

zgrada-na-MVR-2

На 22.11.2016 година околу 20,30 часот во Скопје на ул.„Димитрија Чуповски“ поточно на автобуска постојка од страна на неколку непознати лица извршено било насилство над 14 годишен малолетник од Скопје на тој начин што додека истиот со негов другар ја поминувале улицата пред автобуската постојка, на разминување несакајќи со рака допрел едно од лицата, по што физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата и лицето. На малолетникот му била укажана лекарска помош во ГОБ„Св.Наум Охридски“.  Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 21.11.2016 година во СВР-Битола, Љ.Л. од Битола пријавил дека од почетокот на месец октомври до 17.11.2016 година, од страна на непознат сторител од позади вратата во неговата куќа во с.Ротино-битолско, му била одземена ловна пушка „М98“ калибар 7,9мм, која ја поседувал со одобрение. Знаци на насилно отварање на вратите нема. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Во врска со настан „пожар“ даден во билтен од 21/22.11.2016 година, каде на реонот на планината Руен, на м.в. „Калин камен“ избувнал пожар каде била зафатена површина од околу 100 хектари трева и два декари шума, на 22.11.2016 година од екипа на ТППЕ-Крива Паланка, пожарот бил целосно изгаснат.

 

На 22.11.2016 година околу 21,00 часот во с.Ропотово, во помошен објект, кој го користел Д.Р. од с.Ропотово, од засега непознати причини настанал пожар во кој имало 3000 бали сено и слама, при што била зафатена и целата конструкција на објектот. Во 23,20 часот од екипа на ТППЕ-Прилеп, пожарот бил локализиран. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Прилеп.

 

На 22.11.2016 година околу 13,20 часот во Кичево на железничката станица при утовар на огревни дрва во вагон, од ТМВ„Мерцедес“ со охридски регистерски ознаки паднал Д.Ј. (50) од Охрид. Со возило на ИМП бил префрлен во МЦ-Кичево, каде била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Кичево. По наредба на ЈО врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.

 

На 23.11.2016 година во ПС-Струга, Ш.М. од с.Делогожда-струшко, пријавил дека на 22.11.2016 година од домот на нејзиниот дедо во непознат правец се оддалечила неговата 17 годишна внука со живеалиште во с.Корошишта. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

 

На 22.11.2016 година во времето од 13,00 до 16,00 часот во прекин во двата правци бил сообраќајот на патниот правец Мелнички мост-Бошков Мост, поради асфалтирање на истиот.

 

На 22.11.2016 година во времето од 17,45 до 19,25 часот, магистралниот пат Прилеп–Битола, од клучка „Салида“ до с.Ново Лагово, поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот бил во прекин и истиот се пренасочувал по стариот пат.

 

На 22.11.2016 година околу 06,45 часот на регионалниот пат Велес-Градско, кај с.Ногаевци, случена е сообраќајна незгода помеѓу ТМВ„Цитроен Берлинго“ со скопски регистерски ознаки управувано од Б.К. (58) и сопатник Ш.Д. (55) и двајцата од Скопје, и ТМВ„Сканија“ со кумановски регистерски ознаки управувано од Р.И.(47)-с.Черкези-кумановско. Возачот на ТМВ„Цитроен“и сопатникот се здобиле со тешки телесни повреди и истите биле префрлени во ЈЗУ ОБ-Велес каде Б.К. починал, додека кај совозачот Ш.Д. се констатирани тешки телесни повреди и е надвор од животна опасност. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Велес. По наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 22.11.2016 година околу 13,54 часот во с.Јурумлери-скопско, И.Н. управувајќи ПМВ„Рено Клио“ со тетовски регистерски ознаки удрил во пешакот Д.С. (76) од  с.Јурумлери, кој се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на левата нога) и бил задржан на лекување во ГОБ„Наум Охридски“. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 22.11.2016 година во 10,33 часот во Скопје на ул.„Антон Попов“во с.Сингелиќ, М.Б. (42) од Скопје управувајќи ПМВ„Голф“ со скопски регистерски ознаки удрил во пешак-дете на возраст од четири години. Истата била пренесена  во ГОБ „Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди (фрактура  на десна надколеница) и била задржана на лекување. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 22.11.2016 година околу 20,40 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје, на м.в.„Голубова куќа“ случена е сообраќајна незгода во која Ќ.Б.(35) од с.Извор-кумановско, управувајќи ПМВ„Мерцедес“ со кумановски регистерски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Во незгодата сопатникот од  возилото И.Б. (28) од с.Черкези-кумановско, се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена и задржана на лекување во ЈЗУ-Куманово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

НК за КР Кавадарци поднесе кривична пријава против С.С. (21) од Кавадарци, основач и управител на правниот субјект ТД „НЕНА ТРАНС ДООЕЛ КАВАДАРЦИ“ од  15.05.2013 и Ж.С. (65) од Кавадарци, основач и управител на правниот субјект  ТД „НЕНА ТРАНС ДООЕЛ КАВАДАРЦИ“ до 15.05.2013 година и против ТД “НЕНА ТРАНС“ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ,  со седиште во Кавадарци за поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување “. Првопријавената на 31.12.2015 година во својство на управител на пријавеното правно лице, не пресметала и не платила данок на добивка и персонален данок за 2013, 2014 и 2015 година во вкупен износ од 3.063.375 денари, причинувајќи штета на Буџетот на РМ.  Второпријавената на 31.12.2012 година   во својство на управител пријавеното правно лице не пресметала и не платила данок на добивка и персонален данок на доход за 2012 година во вкупен износ од 247.488 денари, причинувајќи штета на Буџетот на РМ. Третопријавеното правно лице  во периодот од основањето во 2011 година до 31.12.2015 година како правно лице не пресметало и не платило данок во вкупен износ од 3.310.863 денари,оштетувајќи го Буџетот на РМ.