Број на текстови објавени денес: 49

МВР НА РМ,БИЛТЕН НА НАСТАНИ ЗА ДЕН 12.11.2016 ГОДИНА

zgrada-na-MVR-2

На 11.11.2016 година околу 22.00 часот во Скопје, на ул. „Тале Христов“, во спортска обложувалница непознат маскиран и вооружен сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со пиштол од касата одзел околу 200.000 денари, а од еден од присутните гости одзел мобилен телефон, по што побегнал од местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

На 12.11.2016 година околу 02.20 часот во Скопје, во бензинска пумпа лоцирана помеѓу н.Ченто и с.Арачиново, непознат  маскиран и вооружен сторител извршил разбојништво врз една вработена. Сторителот, со закана со пиштол, од касата и од службената торбичка на вработената одзел засега неутврдена сума на пари по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

На 11.11.2016 година во 19.15 часот во ПС Штип С.М. (47) од Штип пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот во Штип на ул. „ЈНА“  непознати лица физички го нападнале неговиот шура С.Р. (66). Сторителите потоа насила го внеле во ПМВ и се оддалечиле во непознат правец. За настанот бил известен Јавен обвинител. СВР Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

 

На  12.11.2016  година  околу  02.00  часот во  Битола на  ул. „21-ва“  настанал пожар во куќа кој го зафатил и целосно го опожарил третиот кат, сопственост на Н.Т. (50). При гасењето на пожарот од Бригадата за противпожарна заштита Битола било пронајдено опожарено човечко тело, за кое било утврдено дека се работи за сопственикот на наведениот кат од куќата. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден кои ќе ги утврди причините за настанувањето на пожарот.

 

Во врска со настанот „пронајден леш“ опишан во Билтен од 10/11.11.2016 година, на 11.11.2016 година од страна на увидни екипи од СВР Куманово и ОКТИВ Скопје  бил извршен увид на местото на настанот во близина на ГК 17/9, на околу 50 метри во длабочина на територијата на Р.Македонија, во реонот на с.Стража,  општина Липково. При откопување на местото во вид на гроб, биле пронајдени делови од човечки леш во фаза на распаѓање. По наредба на Јавен обвинител лешот  бил пренесен во Институтот за Судска Медицина Скопје  за вршење обдукција.

 

На 11.11.2016  година во 18.45 часот од с.Добрашане, кумановско, по пријава од неговата сопруга за вршење на семејно насилство и малтретирање, бил приведен Б.Ѓ. (28) од с.Речица, кумановско, кој бил под дејство на алкохол, а со цел да се задржи во ПС Куманово до негово отрезнување. При транспортот во службеното ПМВ,  Б.Ѓ. со врвката од патиката се обидел да се самоубие, но бил забележан од полицискиот службеник и спречен во намерата. Бидејќи изгубил свест, со возило на Итна медицинска помош истиот бил пренесен во Општа болница Куманово, каде утврдиле дека имал краток застој на циркулација на крв низ телото (главата). Веднаш потоа во безсвесна состојба бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 11.11.2016 година во 11.00 часот по телефон во ПС Неготино, од службата за Итна медицинска помош Неготино пријавиле дека во с.Војшанци, неготинско, во сопствената куќа бил пронајден починат С.С. (40). Увид на местото на настанот извршила екипа од НК КР Неготино, при што била констатирана смрт без видливи повреди по телото. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за Судска Медицина Скопје заради вршење на обдукција.

 

На 10.11.2016 година околу 10.30 часот на магистралниот пат во изградба Кичево – Охрид, во непосредна близина на с.Подвис, при изведување на работи на патот се превртело ТМВ управувано од С.С. (34) од с.М.Доленци. Во незгодата истиот се здобил со повреди поради што му била укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, но поради сериозноста на повредите бил препратен на лекување во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од НК КР Кичево.

 

На 11.11.2016 година во 09.45 часот на ГП Блато, при пасошка контрола било констатирано дека лицето С.A. (20) од Р.Албанија евидира со активна мерка „забрана за влез во Р.Македонија“.   Истиот бил приведен во ПС, по што бил предаден на ИСР при РЦ за ГР Запад за понатамошна постапка.

 

На 11.11.2016 година во 09.45 часот на ГП Долно Блаце, од страна на полициските службеници од слобода бил лишен Ф.Р. (33) од Косово поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „организирање наотпор“. Во 12.30 часот истиот бил донесен и задржан во ПС ОН Чаир за понатамошна постапка.