Број на текстови објавени денес: 70

МВРО со Информација за преземени мерки по претходно примена најава за сомнителен предмет во воздухоплов при полетување

aerodrom aleksandar veliki_3(5)

На 23.11.2016 година во 20.55 часот претставник на авиокомпанијата ,,Turkish Airlines“ известил дека во нивен воздухоплов, кој требал да полета за Истанбул, односно кој бил во движење кон пистата за полетување на Аеродромот „Александар Велики“, бил пронајден сомнителен предмет(телефон).  По барање на капетанот, воздухопловот бил вратен на позиција  за да се изврши инспекција, односно дополнителен преглед на  целиот авион.

Веднаш било постапено по пријавата и преземени биле мерки и активности согласно претходно изготвен план за вонредни состојби. Преземените мерки биле во координација со аеродромската  служба за безбедност при ТАВ Македонија. Бил извршен безбедносен преглед на воздухопловот  за откривање на експлозивни направи. По извршениот разговор со сите служби кои беа инволвирани во настанот дојдено е до сознание дека од страна на еден патник, на екипажот му било пријавено дека е пронајден мобилен телефон. Откако не бил пронајден сопственикот на телефонот била побарана дополнителна  инспекција на возухопловот.

Патниците од воздухопловот биле симнати и внесени во аеродромската зграда, а по извршениот  преглед( бидејќи ништо сомнително  не било пронајдено) истите повторно биле вратени во воздухопловот.  Авионот полетал во 22.56 часот за Истанбул, и  безбедно слетал на аеродромот во Истанбул во 23.58 часот. Од страна на службите од кабинетот на Претседателот на Р.Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој, исто така, требал да лета со воздухопловот,  по добиените информации од страна на сите релевантни служби на аеродромот, одлучено било делегацијата на претседателот да не го продолжи понатамошното патување.  Од понатамошно патување се откажале уште седум други патници.

Пронајдениот телефон од страна на службата за безбедост бил донесен во ПС за ГП Аеродром “Александар Велики“ Скопје каде бил примен и заведен со потврда за пронајдени предмети