Број на текстови објавени денес: 65

Мајстор за лифотви – нова жртва на „Скопје 2014“

images590

Драчевецот В.М. (1959) трагично загина вчера во катната гаража „Солунски конгрес“ лоцирана крај Вардар, веднаш до дирекцијата на „Македонски пошти“.

МВР утринава извести дека вчера околу 17.30 часот заглавил лифтот за автомобили во гаражата. Мајсторот В.М. добил задача да го одглави лифтот кој се заглавил на осмиот кат од гаражата. Во еден момент тој се лизнал и паднал од големата висина на бетонски под.

Иако колегите веднаш се обиделе да му помогнат и повикале Итна помош тој бил во бесознание. По неколку часовна битка на лекарите да го спасат, за жал, В.М. ноќеска починал на КАРИЛ.