Број на текстови објавени денес: 0

Мајка не успеа да спаси ќерка од давење во Радика

images586

Жителите на дебарско Скудриње се во жал по веста за трагичната смрт на нивната соселанка Н.Р. (1966) која починала од смрзнување, а потоа и од давење во ладната Радика. Жената настрадала вчера вечер.

Полицијата за трагедијата дознала дури синоќа околу 23.50 часот. На дежурниот телефон во полициската станицата во Ростуше, братот на покојната, Ш.Р. (1969) од Скудриње пријавил дека дента во 21 часот сестра му и мајка му М.Р. излегле од дома и тргнале кон месноста Сисвети, локација оддалечена еден километар од нивната куќа.

Жените се обиделе да ја минат ладната Радика. Мајката прва ја минала реката, а зад неа била ќерка и. Во еден момент, жената се лизнала и пропаднала во реката. Мајката рипнала да ја спасува, но не успеала. Таа се стрчала до блиската куќа и побарал помош.

Триесет и деветгодишниот М.М. и двајцата негови пријатели кои му биле на гости, веднаш се стрчале кон Радика. Успеале да ја извлечат давеничката, чие тело го ставиле во ќебе и го однеле назад во куќата. Повикале лекар од селото кој не можел да и помогне. Подоцна пристигнало и вешто лице кое утврдило дека таа се удавила и измрзнала. Телото на давеничката со одлука на јавен обвинител му е предадено на семејството.