Број на текстови објавени денес: 86

Мајката починала, лекарите не можеле да го спасат и -бебето

download-2404

Штипското обвинителство извести дека лекарите од штипската болница не успеале да го спасат бебето на 26-годишната Н.К.Б. која почина вчера во болницата.
Во текот на породувањето починала родилка, по што полициски службеници започнале истрага која открила дека починатата со упат од матичниот гинеколог, најпрво била примена на Инфективното одделение, каде што здравствената состојба и се влошила, по што била префрлена на акушерското одделение, по што состојбата уште повеќе и се влошила и починала.

По извршената реанимација, откако К.Б. починала, бил направен обид со царски рез да се спаси бебето, но обидот не бил успешен, па било извадено мртво новороденче.

По наредба на Јавен обвинител телата биле предадени на обдукција.