Број на текстови објавени денес: 46

Маја Морачанин од ДОМ на добитно место за пратеник

DOM_zname (1)(3)

Маја Морачанин е поставена на добитното 4. место во Изборната единица 2 од кандидатите на ДОМ, соопшти денеска партијата.
Лилјана Поповска во изборната единица 1 и Валентин Тасевски од Тетово во шестката се другите двајца кандидати за пратеници од оваа партија.

Централниот одбор на ДОМ се одлучил за коалициски настап на партијата во рамките на опозициската лево-центристичка коалиција предводена од СДСМ.

„Тоа е логична завршница на речиси двегодишната заедничка борба со прогресивните сили во земјата за демократизација и позитивни промени. И покрај нашите заложби за самостоен настап, оценивме дека во моментов е неопходно групирање на силите, за да се постигнат промени во насока на функционална и демократска правна држава“, се наведува во соопштението на ДОМ.

Оттаму нагласуваат дека е значајна обврската што ја презел коалицискиот партнер дека ќе обезбеди промена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи, како и реализација на редица приоритети од зелената програма на ДОМ.