Број на текстови објавени денес: 60

Матичните лекари бараат да си бидат матични и на себе

lekari-300x168

Здружението на приватни лекари на Македонија денеска на прес-конференција во Велес реагира на електронската интервенција преку Национален систем за електронски евиденции во здравството „Мој термин“ со која на приватните лекари им е оневозможено сами на себе да си препишат лек и да си издадат упат.

Претседателот на Здружението, Лилија Чолакова Дервишова изјави дека лекарите кои се стручни да лекуваат илјадници пациенти сами на себе се стручни да си издадат и лек, а што беше пракса во изминатите 30-40 години.

– Со ова се принудуваат лекарите посебно оние кои работат на село да ги оставаат своите пациенти, а да можат да отидат кај свој колега во „Мој термин“ да им издаде лек за нивните здраствени потреби. Воедно проблем ќе има ако се двајца лекари замена еден на друг, а едниот од нив замине на одмор, тогаш преостанатиот лекар кој мора да ги лекува пациентите е принуден да ги остави пациентите за да оди и самиот кај својот колега – лекар да му препише рецепт, појасни Чолакова Дервишова.

Додаде дека апелираат до „Мој термин“ да ја укине таа електронска забрана преку информатичкиот систем, која, како што рече, е на штета на приватните лекари од земјава.