Број на текстови објавени денес: 46

Маскирани разбојници претепале актерка на истото место каде е ограбена Ким Кардашијан

mallika-sherawat

Само еден месец откако Ким Кардашијан е ограбена во Париз, во близина на апартманот каде што престојуваше ријалити ѕвездата, е нападната и боливуската ѕвезда Малика Шерават.

Инцидентот се случил во петокот вечер откако 40-годишната актерка со еден неименуван маж дошла во својот стан во престолнината на Франција. Напаѓачите преку лицата носеле марами и без ниеден збор актерката и нејзиниот придружник ги испрскале со солзавец и ги претепале, пишува „Паризиен“.

Побегнале и ја оставиле Малика во шок заедно со неименуваат маж, но и покрај сè, тие двајца успеале да повикаат Брза помош и полиција. Покрената е криминалистичка истрага, а според првите извештаии се смета дека станува збор за обид за кражба.

Малика во својата земја е позната како феминистка која во јавноста често зборува за нападите на жените во својата земја.

– Oдлучив дека своето време ќе го поминувам на релaција Лос Анџелес, Индија. Значи, откако ја доживеав оваа општествена слобода, кога се вратив во Индија, гледам колку е регресивна за жените, тоа е депресивно. Како независна жена, одговорно тврдам, тоа е депресивно – заклучила пред две години.

За магазинот „Вариети“ изјавила дека општеството во Индија е лицемерно, бидејќи жените се на самото дно во однос на мажите.

Уште еден напад во низата е голема дамка за Франција во светот, во која поради терористичките напади што се случија и понатаму трае вонредна состојба.