Број на текстови објавени денес: 62

МАРС 2016: Македонските радио станици ги одбраа најслушаните песни

mars-2016

Деветтото издание на Македонскиот радиски фестивал МАРС 2016, на кој ќе бидат одбрани најпопуларните радиски хитови на годината, селектирани од 40 радиостаници низ Македонија, ќе се одржи на 21 ноември во Македонската опера и балет, и покрај забраната за емитување македонска музика од страна на ЗАМП.

На вчерашната прес-конференција беше соопштен финалниот избор од 12 песни, кои ги избра 12-члено жири составено од претставници на исто толку радио станици од Македонија.

На годинашното издание на МАРС, публиката ќе има можност да ги види Влатко Илиевски, ДНК, Наташа Малинкова, Влатко Лозаноски, Магдалена Цветковска, Елена Ристеска, Александар Тарабунов, Пепа Димитрова.

Српските пејачки Наташа Беквалац и Гоца Тржан ќе бидат специјални гостинки во ревијалниот дел на Македонскиот радиски фестивал.

На пресконференцијата беше претставен изборот на селектираните радиски хитови, а публиката за избраните радиски хитови може да гласа на фан страната на МАРС 2016 на Фејсбук (www.facebook.com/pg/makedonskiradiskifestival/photos). Со кликнувањето лајк за еден изведувач, односно неговата песна публиката го дава својот глас. Гласањето започна на вчера, 9 ноември, во 12 часот и ќе трае до 16 ноември (среда) до 12 часот.