Број на текстови објавени денес: 46

Марадона пристигна во Загреб со 30 години помладата девојка ФОТО

conciliados

Поранешната фудбалска ѕвезда од Аргентина Диего Армандо Марадона (56) пристигна во четвртокот вечер во Загреб каде што, како што самиот рекол, ќе ја води Аргентина до победа во големото финале на Дејвис Купот помеѓу Хрватска и Аргентина. Секако, славниот Марадона не дошол сам, друштво му прави неговата 30 години помлада девојка Росио Олива.

Убавата 26-годишна Росио е поранешна фудбалерка, а е во врска со Марадона од 2013 година. Марадона и Росио се свршиле на „Денот на вљубените“ во 2013 година, а медиумите пишуваа дека легендарниот Аргентинец поради неa бил на затегнување на лицето, ги средил подочниците, подбрадокот и ги намалил образите. Нивната врска од почетокот била мошне бурна, исполнета со многу турбуленции, караници и смирувања, а пред две години во јавноста протече и видеоснимка на која фудбалската легенда ја напаѓа неговата девојка, бидејќи таа му го земала мобилниот телефон.

За Росио, пак, уште тогаш, пред три години се пишуваше дека била во врска со хулиган осуден на доживотен затвор поради убиство на навивач на еден фудбалски клуб од Буенос Аирес. Освен тоа, аргентинскиот магазин „Мај“, објави фотографии од Росио како бакнува пријателка од клубот во којшто играла, што секако, поттикна разни шпекулации.