Број на текстови објавени денес: 0

Манчевски: Нема да има никаква толеранција за насилството ВИДЕО

%d0%b4%d0%bc

Интегрално го пренесуваме обраќањето на Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, дадена по денешното потпишување на заедничката декларација за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство.

„Денеска сме тука за да покажеме дека сите се важни, дека секој мора да ги ужива истите права пред законот и сите да бидат еднакви.
Тоа значи посебна грижа од државата и заштита за најранливите. Ветуваме дека нема да има никаква толеранција за насилството.
Ќе ја ратификуваме Истанбулската конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство од 2011 година.
Ќе донесеме нов Закон за родово базирано насилство, ќе го измениме Кривичниот закон и ќе воведеме одредби за сите форми на родово базирано насилство.
Ќе воспоставиме мрежа на стандардизирани институции која го гарантира минималниот пакет на услуги за заштита од домашно насилство.
Ќе ги вклучиме здруженијата на граѓани во нудење на услуги за превенција и заштита од родово базирано насилство. Тие ќе бидат поддржани преку насочени грантови, шеми за обезбедување на соодветна, квалитетна и специјализирана поддршка. Тука зборуваме за психо-социјална поддршка за жртвите на силување, кризни центри за жртвите на силување, како и засолништа.
Ќе обезбедиме казнено-правна заштита за децата кои биле сведоци, односно жртви на родово засновано насилство, вклучително и домашно насилство. Ќе воведеме правила со кои ќе се гарантира остварувањето на најдобриот интерес на детето.
Државата не смее да ги остави своите граѓани сами да се справуваат со проблемите. Таа ќе биде тука и ќе им пружи заштита кога им е најпотребно“, се наведува во соопштението..