Број на текстови објавени денес: 62

„Макпетрол“ оствари добивка од 4,3 милиони евра

makpetrol copy(6)

Компанијата „Макпетрол“,за девет месеци од годинава, прикажа добивка од над 269 милиони денари (4,3 милиони евра), покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Вкупните приходи од продажба во периодот јануари септември годинава изнесуваа 12,13 милијарди денари. На домашен пазар се реализирани 11,70 милијарди денари, додека остатокот од 427,3 милиони денари е остварен на пазари во странство.

Основна дејност на Макпетрол е снабдување со нафта и нафтени деривати.