Број на текстови објавени денес: 86

МАКЕОДНСКА ПОЛИЦИЈА , БИЛТЕН НА НАСТАНИ ВО Р.М. ЗА ДЕН 28.11.2016

zgrada-na-MVR-2

На 28.11.2016година околу 12,00 часот во ПС-Битола, Д.Д. (74) од Битола пријавил дека на 27.11.2016 година околу 19,30 часот ул. „Браќа Мингови“ во административна канцеларија две маскирани непознати лица извршиле разбојништво над истиот, при што му одзеле едно ДВД “Филипс“, златен накит и накит бижутерија. Имено, Д.Д. откако го отклучил катанецот од влезната врата на наведениот објект, од задната страна му дошле лицата, го турнале по скалите каде истиот паднал, му ги врзале рацете и устата, по што му побарале пари. Откако истиот им кажал дека во него има само 250 денари, лицата не му ги одзеле и почнале да пребаруваат по објектот каде ги нашле и одзеле наведените работи и го напуштиле местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од СВР-Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

 

На 29.11.2016 година во 03.30 часот во ЕИК-Скопје, Д.С. (29) пријавил дека околу 00,30 часот на бул.„Александар Македонски“ додека се движел пеш со неговите пријатели, откако пристигнале на паркингот каде биле паркирани нивните возила забележале две возила, од кои излегле неколку непознати лица. Кон Д.С. тргнале три лица од кои едното имало метален предмет во рака, при што почнале да го удираат во пределот на главата и телото по што избегал од местото на настанот и побарал лекарска помош во ГОБ- “Св. Наум Охридски“ каде од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди. Меѓу напаѓачите бил забележан А.В. За време на целиот настан  истиот забележал дека лицата физички ги нападнале и неговите пријатели, но не бил во можност поединечно да забележи кој од нив бил удрен, по што истите се разбегале во различни правци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.11.2016 година околу 17.50 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш случена е сообраќајна незгода помеѓу Автобус „БМЦ“ со струмички регистерски ознаки управувано од Г.Ј. (36) и ПМВ„Мерцедес 190“ со скопски регистерски ознаки управувано од Т.К. (43) од Скопје. Во незгодата од здобиените повреди на самото место починал Т.К. и сопатничката од возилото И.И. (50) од Струмица. Во автобусот имало неколку лица кои се здобиле со телесни повреди, на истите им била укажана лекарска помош и се пуштени на домашно лекување. Увид извршиле ЈО и увидна екипа од ПС ОН-Радовиш. Телата на починатите се предадени на семејствата за погреб. Од 18.00 до 22.00 часот сообраќајот на оваа делница бил во прекин. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 28.11.2016 година околу 20,30 часот на магистралниот пат Струга-Ќафасан во непосредна близина на крстосницата за с.Радолишта, ПМВ„Пежо“ со охридски регистерски ознаки управувано од А.Е. (69) од с.Радолишта излетало од патот, при што А.Е. починал на самото место. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС ОН-Струга. По наредба на ЈО телото на починатиот било предадено на фамилијата за погреб. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 28.11.2016 година околу 16.45 часот во Охрид на ул.„15-ти Корпус“случена е  сообраќајна незгода во која ПМВ „Рено Еспејс“ со охридски регистерски ознаки управувано од З.Д. (50) од Охрид, удрило во пешакот Г.К. (62) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Г.К. кој бил пренесен и задржан на лекување во ОБ-Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС за БПС-Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 28.11.2016 година околу 12.50 часот на ГП „Долно Блаце“, на влез во Р.Македонија по извршена патничка контрола и проверка во СКПВ констатирано било дека А.Б. (30) од Скопје евидира со мерка  „Апси“ од СМПС – Одделение за потраги. Истиот бил лишен од слобода и во 15.50 часот со потврда за предавање лице бил предаден на УПС од ОАС-СВР Скопје за понатамошна постапка.

 

На 28.11.2016 година околу 10,00 часот на ГП„Богородица“ на излез од Р.Македонија, поради основано сомнение за „фалификување“ на интернационална возачка дозвола бил лишен од слобода P. K. (29) од  Косово. Во 14,20 часот бил предаден во ПС ОН Гевгелија за понатамошна постапка.

 

НК КР Кавадарци поднесе кривична пријава против Љ.Ј. (51) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување”. Во временскиот период 2010 до 2014 година во својство на директор на ООУ “Гоце Делчев” од Кавадарци со искористување на службената положба и овластување, дозволил во ООУ “Гоце Делчев” да биде воведено изучување на италијанскиот јазик како втор задолжителен странски јазик во паралелките од 6-то до 9-то одделение, без предходна писмена одлука од совет на родители и од училишниот одбор, иако изучувањето на овој јазик не било предвидено во наставните планови и програми изготвени од Бирото за развој на образованието и одобрени од Министерството за образование на РМ. Со наведеното дејствие за друг била прибавена противправна имотна корист во износ од 760.904 денари, по основ на плати за вработениот наставник по италијански јазик на штета на буџетот на РМ.

НК за КР Дебар поднесе кривична пријава против ТП “Беко комерц“-Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени  кривични дела “повреда на правата од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и “фалсификување или уништување деловни книги“ и Б.А. (40) од Дебар – управител на пријавеното правно лице ТП “Беко комерц“-Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “повреда на правата од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и “фалсификување или уништување деловни книги“. Пријавениот управител на 04.04.2016 година и на 07.04.2016 година во Дебар, спротивно на прописите за индустриска сопственост, со намера да измами купувачи, неовластено примил и пуштиле во промет 639 пакети со по 24 лиминки или вкупно 15.336 лименки енергетски пијалок „Б-52“ туѓа заштитна трговска марка. Истиот енергетски пијалок бил  примен и пуштен во промет без соодветна документација и  декларација за квалитетот на производот.

НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против З.Р. (28) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување пари“. На 27.07.2016 година  во два наврати, прво за услуга во автоперална на лицето М.Р. му платил со фалсификувана банкнота во апоен од 50 евра, а потоа и на бензиска пумпа на лицето А.Ж. за точено гориво пуштил повторно во оптек фалсификувана банкнота во апоен од 50 евра.

НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Б. (27) од  Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,пустошење на шума“, “кражба“и “употреба на исправа со невистинита содржина“. Пријавениот на неутврден датум во државна шума на м.в. “Водостан“ и “Гегова ливада“ на ШСПЕ “Дуф Маздрача“ во континуитет без одобрение од надлежен орган извршил бесправна сеча на вкупно 95 букови стебла и едно стебло јавор и со патничко возило “Волво“ и со патничко возило “Опел Астра“ со фалсикувани регистарски ознаки, вршел транспорт и кражба на дрвата од самото место. Со ваквите дејствија на јавното претпријатие и државата нанел вкупна материјална штета од околу 272.720 денари. На 14.07.2016 година од страна на полициски службеници беше извршен претрес во домот на пријавениот при што беа пронајдени и одземени моторна пила марка “STIHL MS -46“ со која била вршена бесправната сеча и возило “Опел Астра“ со кое вршел нелегален транспорт на украдените дрва.