Број на текстови објавени денес: 70

МАКЕДОСНКА ПОЛИЦИЈА.БИЛТЕН НА НАСТАНИ ВО Р.М. ЗА ДЕН 25.11.2016 ГОДИНА

zgrada-na-MVR-2

На 25.11.2016 година околу 12,30 часот во Куманово на ракрсницата од ул.„11-ти Октомври“ и ул.„11-ти Ноември“, како и на ул.„ЈНА“ од страна на непознат сторител било извршено оштетување на два билборди на кои бил поставен материјал од ПП ДУИ. СВР-Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.

 

На 25.11.2016 година околу 15,50 часот во Гостивар на ул.„Борче Јовановски“, непознат сторител испукал неколку куршуми од непознато огнено оружје во непознат правец (највероватно во воздух). На тротоарот биле пронајдени три испукани чаури, а една испукана чаура била пронајдена на улицата. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Гостивар, при што чаурите биле подигнати и доставени за вештачење. ПС-Гостивар превзема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

 

На 25.11.2016 година околу 22,55 часот телефонски во ПС-Тетово, од страна на дежурен во КЦ-Тетово било пријавено дека кај нив било донесено женско лице со повреда здобиена од огнено оружје. Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот, при што било константирано дека се работи за И.А. (69) од Тетово, нас.Дреновец-Порој, која се здобила со повреда во пределот на левата надколеница, при што дошло и до фрактура на коската и над истата бил извршен хирушки зафат и бил изваден еден проектил од огнено оружје, по што била задржана на лекување. Од извршениот разговор со повредената, истата изјавила дека истиот ден околу 22,30 часот откако излегла од домот и се упатила кон куќата на нејзиниот брат, најпрво слушнала истрел од огнено оружје, кој доаѓал од непознат правец, а потоа почувствувала болка во пределот на левата надколеница, по што паднала на тротоарот пред куќата сопственост на А.Џ. и со приватно возило била пренесена во КЦ-Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 25.11.2016 година околу 19,00 часот во Штип на ул.„Сутјеска“ во угостителски објект физички биле нападнати Љ.М. (45) и Д.Ѓ. (46) од страна на лицата Г.Ј. (37) и А.П. (36) и уште други две, засега, непознати лица.  Имено, од страна на Г.Ј. пријавителите биле предизвикувани на расправија и откако почувствувале дека може да настане инцидент, Љ.М. и Д.Ѓ. одлучиле да си заминат од објектот, и кога пристигнале до вратата, Г.Ј., А.П. и другите две лица физички го нападнале Љ.М. удирајки го со боксови во пределот на главата и телото. По кратко време на местото на настанот пристигнале полициски службеници и биле превземени мерки за спречување на понатамошното нарушување на ЈРМ. По целосно расчистување и комплетирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 25.11.2016 околу 18,00 часот во с.Долно Палчиште-тетовско во куќата сопственост на Х.Б. (44), од засега непознати причини избувнал пожар во две соби на приземјето, при што бил оштетен инвентарот и мебелот. Од настанатиот пожар нема повредени лица (во куќата немало никој), а предизвикана била само материјална штета. Увид бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 25.11.2016 година околу 14,25 часот телефонски во ПС„Ѓорче Петров“ било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Ѓорче Петров“ со ул.„Кузман Шапкарев“, од страна на непознат сторител оштетени (делумно изгорени) биле двa билбордa со фотографии на претставници на ПП ДУИ. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 25.11.2016 година околу 00,15 часот телефонски во ПС-Кочани, Д.Р. (34) од Кочани пријавил дека во ГТЦ-Кочани, поточно во тоалетот од кафе бар од страна на непознато лице било испрскано со непозната материја од која се ширела непријатна миризба, со што било предизвикано негодување кај присутните гости. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

На 25.11.2016 година во времето од 12,00 до 13,45 часот во СВР-Тетово било добиено писмено известување од граѓани од с.Горно Седларце, дека истиот ден во 12,30 часот на патарината Тетово-Гостивар, од страна на околу 100-150 граѓани била извршена блокада на влезниот правец Тетово-Гостивар изразувајќи незадоволство од плаќање на патарината. За време на собирот немало нарушување на ЈРМ.

 

На 25.11.2016 година во ЕИК-Скопје, С.И. пријавил дека на раскрсницата од бул.„Македонско Косовска Бригада“ со ул.„Џон Кенеди“, од страна на непознат сторител било извршено оштетување на ормарче и искинати биле кабли од безбедносни камери. Од страна на ЕУМНА ќе биде извршено фотографирање. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 25.11.2016 година во времето од 23,00 до 23,45 часот во Кавадарци на ул.„Моша Пијаде“, од страна на непознати сторители било извршено оштетување на штаб на ПП ВМРО ДПМНЕ, при што биле скршени стаклата од прозорот на задната страна на објектот. Увид на  местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кавадарци. . Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 25.11.2016 година во 20,30 часот на автопатот Неготино-Д.Капија се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Фолксваген Тугуан“ со велешки регистерски ознаки управувано од Л.Г. (26) од Богданци и работна машина-багер. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во ПМВ, З.П. (36) од Богданци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Неготино. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 25.11.2016 година околу 21,30 часот на ГП и ГН„Богородица“ на влез во Р.Македонија,  од страна на УПС задржан е М.И. (44) од Koсово, бидејки истиот управувал ПМВ„Порше Кајени“ со албански национални ознаки за кое постои основи на сомнение дека било фалсификувано со промена на ВИН броевите. Oд страна на инспектор од ОПКМСР Гевгелија, бил известен  ЈО од ОЈО Гевгелија и инспектори од ОКТИВ при МВР, кои во текот на 26.11.2016 година ќе извршат вештачење на возилото.  Совозачот во возилото M.M. по инструкции од ОЈО во 23,50 часот бил ослободен од просториите на ПС за ГП и ГН Богородица. Возилото било привремено одземено и со записник предадено на инспекторот од  ОПКМСР Гевгелија, додека возачот на возилото М.И. на 26.11.2016 во 02,00 часот бил предаден во ПС ОН Валандово за понатамошна постапка.