Број на текстови објавени денес: 18

Спасовски: Ниту еден полициски службеник нема да се вклучи во политички кампањи

%d1%81%d0%be%d0%b0

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Тана Де Зулиета.

На средбата двајцата соговорници разговарале за улогата на МВР во обезбедувањето на фер и кредибилни избори на 11 декември.

„Министерот Спасовски ја истакна решеноста да се обезбедат услови за фер и демократски избори и потенцираше дека нема да дозволи ниту еден полициски службеник да се вклучи во политички кампањи односно дека нема да дозволи злоупотреба на човечки ресурси или материјални-технички средства за претстојната кампања на било која од политичките партии“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Спасовски денеска одржа работна средба и со шефот на на одделот за политички прашања во делегација на Европската унија, Лукаш Холуб.