Број на текстови објавени денес: 0

Македонскиот „Трамп“ на митинзи шири омраза, Груевски умира од смеење!

untitled3334

Десетина новинари од неколку редакции го напуштија регионалниот новинарски собир во Белград за време на говорот на српскиот премиер Александар Вучиќ во знак на протест против неговиот однос кон новинарите и медиумите. Новинарите од Центарот за истражувачко новинарство на Србија (ЦИНС), КРИК, БИРН, Центарот за истражувачко новинарство на Црна Гора, Маглочистачи од Суботица и уште неколкумина нивни колеги сметаат дека „со неговиот долгогодишен политички ангажман тој се докажал како проверен непријател на медиумските слободи“.

Недим Сејдиновиќ, претседател на Здружението на новинарите од Војводина кој токму поради најавата дека Вучиќ ќе ја отвори конференција, го откажа учеството, вели дека тоа го сторил поради фактот што многу негови колеги и членови на Здружението биле изложени на извесно политичко насилство да останат без работа и се понижувани, а некои минувале и низ медиумска тортура во изминатиот период.

– Проверено сите тие притисоци доаѓаат од луѓе блиски до Вучиќ, односно од Кабинетот на премиерот од каде се врши своевиден медиумски менаџмент во земјата, кои се директно спротивни на медимските слободи – вели Сејдиновиќ за Радио Слободна Европа.

Во говорот на собирот Вучиќ рече дека „за Владата на Србија од големо значење е слободата на медиумите и говорот“ и дека “Владата на Србија и тој директно никогаш не вршеле притисок на медиумите и дека сака да ги обесхрабри тие што го прават тоа“.

Тој притоа ја посочи Комисијата која се занимава со расветлување на злосторства против новинарите. Независното здружение на новинарите на Србија наведува дека од почетокот на оваа година има двојно повеќе напади врз новинари отколку во 2015 година имало 57 во 2016, додека во текот на цела 2015 година имало 24.