Број на текстови објавени денес: 0

МАКЕДОНСКА ПОЛИЦИЈА , БИЛТЕН НА НАСТАНИ ВО Р.М. ЗА ДЕН 30-11-2016 ГОДИНА

zgrada-na-MVR-2

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.С.(62) од Струга лиценциран проценител во Агенција за процена и вештачење на недвижен имот поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела – “злоупотреба на службената положба и овластување“ и “фалсификување или уништување на деловни книги“. Пријавениот во корист на учесниците на јавно наддавање, изготвил проценка на деловен простор од  88 м2 на ул “Димитар Влахов“ во Охрид  на должникот и други доверители, незаконски смалувајки ја неговата реална вредност, односно деловниот простор при лицитација со лажната намалена пресметка бил проценет на износ од 7.888.789 денари (или 128 273 евра), а при спроведената лицитација на 21.03.2016 година бил купен од правно лице сопственост на Н.У. за износ од 7.950.000 денари (или 129 268,29 евра). По ова адвокатот Д.К. знаејки дека претходната проценка е со невистинити податоци самиот нарачал нова проценка во друга агенција каде објектот бил проценет за повисока вредност, односно во вредност од 13.159.146,48 денари (или 213 276,28 евра), после што објектот од страна на купувачот бил веднаш бил ставен под хипотека како банкарска гаранција во корист на адвокатот и при негово земање на банкарски кредит од 140.000 евра, истиот деловен објект Н.У. му го продал на адвокатот.

На 29.11.2016 година околу 10,15 часот во с.Ранковце во просторот од пазарот, додека Н. Т. од Крива Паланка, бил со М. М. од с.Опила, со Т. Д. од с.Ранковце, и со Г. П. од с.Гиновце, во еден момент кон нив пришле З. Д., Ф. Ј. и Р. С. од с.Опила, при што во меѓусебна расправија почнале да си упатуваат навредливи и заканувачки зборови, од политичка побуда. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 29.11.2016 година во 10,25 часот на крстосницата во Штип, на крстосницата од ул.„Бул.ЈНА“ со ул.„Борис Кидриќ“ при вршење увид од страна на полициски службеник од ПС за БПС-Штип, на случена сообраќајна незгода помеѓу две ПМВ, истиот паднал и се повредил во пределот на главата.        Со возило на ИМП е пренесен во ЈЗУ-КБ-Штип, каде му се консатирани ТП (контузија на меките тела на лицето и скршеница на носна коска), по што му е укажана лекарска помош  и е задржан на понатамошно лекување.

На 29.11.2016 година околу 15,00 часот на регионалниот пат Гевгелија-Миравци, во близина на с.Милетково, се случила сообраќајна незгода во која М.К.(42) од с.Прдејци-Гевгелија, управувајќи ПМВ „Фиат Темпра“ со велешки регистарски ознаки изгубил контрола над истото и удрил во ТМВ„Мерцедес“ со полуприколка „Шмитц“ управувано од О.К.(39) од Гевгелија. Во незгодата М.К.  починал на  лице место а смртта ја констатирал лекар од ИМП. Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Гевгелија, при што за време на увидот од 15,00 до 18,00 часот сообраќајот бил во прекин, а бил пренасочен према магистралниот пат М1 клучка „Удово“. По наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.

На 29.11.2016 околу 09,10 часот во кругот на КЦ-Скопје на паркингот на Клиниката на Стоматологија се случила сообраќајна незгода во која ПМВ„Голф“, управувано од М.К. (62) од Штип удрило во пет паркирани возила. Имено, М.К. управувајќи го возилото во еден момент му се слошило и додека му укажувале лекарска помош и го пренесувале во УЦ, истиот починал.

На 29.11.2016 година во 12,30 часот на ул. “Александар Урдаревски“ пред Зелениот пазар се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ управувано од засега непознат возач и пешак – дете на возраст од 7 години од Скопје. По незгодата возачот со истото возило го пренел пешакот-дете до амбулантата во нас.Бутел по што го напуштил лице местото, а повреденото дете со возило на брза помош било пренесено во ГОБ Св.Наум Охридски, каде биле констатирани тешки телесни повреди (скршена лева клучна коска на рамото) и по укажаната лекарска помош е пуштено на домашно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

На 29.11.2016 година во времето од 09,30 до 12,10 часот на регионалниот пат Р-1101 Ресен-Битола делница „Макази-Ѓавато“, поради врнежи на снег била воведена забрана за сообраќај на ТМВ. Истиот ден, од 17,45 часот на регионалниот пат Р-1101 Ресен-Битола, делница „Макази-Ѓавато“ (стариот пат), поради појава на голомразица, воведена е забрана за сообраќај на ТМВ.

На 29.11.2016 година од 17,00 часот на магистралниот пат А-2 Крива Паланка-ГП„Деве Баир“, поради обилни врнежи од снег, сообраќајот е во прекин за ТМВ.

На 29.11.2016 година од 21,10 часот на регионалниота пат П1-202 во правец од Мавровска крстосница-Маврови Анови-Дебар и обратно, поради обилни врнежи од снег, сообраќајот е во прекин за ТМВ.

На 29.11.2016 година во 08,40 часот на ПС за ГП„Табановце“ на влез во РМ, лишен е од слобода А.Б.(25) од Куманово затоа што при проверка констатирано е дека истиот се барал за издржување казна затвор во траење од четири месеци за сторено кривично дело „кражба“. Во 09,20 часот со Потврда за предавање на лице, истиот е предаден на СВР-Куманово за понатамошна постапка