Број на текстови објавени денес: 65

МАКЕДОНСКА ПОЛИЦИЈА,БИЛТЕН НА НАСТАНИ ЗА ДЕН 30.11.2016.ГОДИНА ВО Р.М.

zgrada-na-MVR-2

На 30.11.2016 година околу 00.10 часот во Битола во комплексот „Пелагонка 2“, Д.П. (69) од Битола физички бил нападнат од непознат сторител, кој го удирал со рацете во пределот на главата и телото. После тоа му извршил пребарување по џебовите, му одзел 500 денари и му се заканил дека ако го пријави случајот во полиција ќе го убие. СВР Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

На 01.12.2016 година во 00.45 часот во СВР Битола, претставник на ДИК, пријавил кривично дело „уцена“. Имено, на 30.11.2016 година околу 16.33 часот додека со уште две лица, патувал за Битола, поради надзор за печатење на избирачки материјал, на неговиот службен мобилен телефон му се јавило лице кое му се претставило декае од дневен весник. Лицето го прашало зошто ја одбил понудата за печатење на кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори во весникот. На тоа пријавителот одговорил дека имал подобра понуда од друг дневен весник. При разговорот пријавителот забележал дека разговара на интерфон, при што во разговорот се вклучило друго лице, кое се претставило како главен и одговорен уредник на дневниот весник. Истиот му рекол дека не смеел да биде против објавувањето на кандидатските листи, а воедно му се заканил со компромитирање на личноста, со објавување на лаги и невистини во весникот, доколку не се објават листите во нивниот весник. Лицето му упатувало и разни погрдни и навредливи зборови и доколку не му била вратена одредена сума на пари (20.000 евра) ќе бил даден на суд. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

На 30.11.2016 година во 16.30 часот во Скопје ул. „Борка Талески“, во ОУ „Ј.Х.Песталоци“ избувнал пожар на кровната конструкција, каде по интервенција на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е локализиран, а повредени лица нема. Опожарен бил само дел од кровната конструкција Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје при што на местото пронашле дел од изгорена метла поради што постои сомнение дека пожарот е подметнат и дека е сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 29.11.2016 година во 22.00 часот, во ПС Гази Баба, М.О. (39) од с.Марино, скопско, вработен како возач во ЈСП-Скопје, пријавил дека на 29.11.2016 година околу 21.55 часот во Скопје на ул.„Методија Андонов Ченто“ и ул. „Палмиро Тољати“, додека управувал автобус „Јутонг“ сопственост на ЈСП, кој сообраќал на редовна линија бр.65, непознат сторител фрлил камен во правецот на автобусот и притоа искршил еден од прозорите од вториот кат на автобусот. Од ударот со повреди во пределот на главата се здобил седумнаесетгодишник од с.Булачани, скопско. Истиот со возило на Итна мдицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му се констатирани телесни повреди. Истиот е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 30.11.2016 година во 19.30 часот во водите на Охридското Езеро, на плажата кај хотел „Белви“, полициски службеници од ПС за ГН-Охридско Езеро, , при излегување од водата во чамец ги затекнале лицата Б.Б., Р.Б., С.Б. и З.Ц.. Лицата се приведени во полициска станица и од истите, со потврда за привремено одземени предмети, одземени се 117 парчиња риба-белвица со вкупна тежина од 12 килограми, 5 рибарски мрежи и 1 метален чамец.
На 30.11.2016 година во 23.27 часот во ЕИК Скопје, А.Б. пријавила дека во с.Батинци, скопско, во семејната куќа, физички била нападната таа и лицата Х.Д. (55) и А.Д. (24) од с.Батинци, од страна на нивниот сосед А.Т. (19). Истиот е приведен и задржан во ПС Кисела Вода.

На 30.11.2016 година во 13.30 часот во ПС Кавадарци, Џ.А. (38) од Кавадарци пријавила дека во изминатите неколку месеци, а последен пат ноќта на 29/30.11.2016 година околу 21.00 часот, нејзиниот сопруг М.А. во нивната семејна куќа во Кавадарци, со употреба на сила и закана по животот со нож, извршил обљуба врз нивната дванаесетгодишна ќерка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 30.11.2016 година во 19.00 часот телефонски во ПС Кочани, С.К. (44) од Кочани, претседател на ОО на СДСМ Кочани, пријавил дека истиот ден околу 18.55 часот непознати лица насилно влегле во изборниот штаб на ОО на СДСМ лоциран во „Шопинг центар“-Кочани, каде биле присутни четири членови, и им се заканувале со физичка сила. Притоа, едно од лицата го отстранило изборниот плакатен материјал, кој бил поставен на излогот од штабот, го фрлил во картонска кутија и си заминал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.

На 30.11.2016 година околу 00.25 часот во ПС Кавадарци било пријавено дека на ул. „Страшо Пинџур“ се случила сообраќајна незгода во која С.Ц. (20) од Кавадарци, управувајќи ПМВ „Форд Фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, удрил во пешакот Л.Ј. (57) од Кавадарци. Истиот бил пренесен во Општа болница Кавадарци од каде, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Клинички центар Скопје, каде од здобиените повреди истиот ден во попладневните часови починал.

На 30.11.2016 година во периодот од 15.30 до 16.15 часот, поради реконструкција на коловозот, во прекин во двата правци бил сообраќајот на патниот правец Маврово-Дебар.

На 30.11.2016 година околу 16.40 часот на крстосницата од магистралниот пат Штип-Кочани со ул. „Брегалничка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Опел Тигра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.К. (40) од с.Теранци, и ПМВ џип „Чироки“ со бугарска национална ознака, управувано од И.К. (51) од Пехчево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.К. (65) од с.Теранци, сопатничката од ПМВ „Опел“, која била пренесена во Клиничка болница Штип каде починала. Возачот на ПМВ „Опел“ се здобил со тешки телесни повреди и е задржан на лекување во КБ Штип. Возачот на ПМВ-џип „Чироки“ и сопатничката Р.К. (44) од Пехчево се здобиле со телесни повреди. По укажаната лекарска помош во КБ Штип истите се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Штип. Во периодот од 18.30 до 20.00 часот сообраќајот се одвивал наизменично по една коловозна лента.

На 30.11.2016 година во 21.10 часот на ПС за ГП „Табановце“, на излез од Р.Македонија, се пријавил Д.Р. (24) од Р.Албанија. При проверка, полициски службеници утврдиле дека истиот евидира со мерка „забрана за влез во Р.Македонија“, како и дека истиот илегално остварил влез во Р.М. Истиот е приведен и во 21.25 часот, со потврда за предавање на лице, е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.