Број на текстови објавени денес: 9

МАКЕДОНСКА ПОЛИЦИЈА,БИЛТЕН НА НАСТАНИ ВО Р.М. ЗА ДЕН 27.11.2016 ГОДИНА

mvr-zgrada_1_9

На 27.11.2016 година во 14.05 часот од СВР Битола е известено дека на 26/27.11.2016 година во Битола, на ул. „Цар Самоил“ на излог од слаткарница, сопственост на Л.С. (46)  непознат сторител залепил флаери со навредлива содржина. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

На 27.11.2016 година во 17.50 часот од страна на ЕИК Скопје, е известено дека околу 12.00 часот во с. Бардовци, П.М. (31) откако дошол од работа, физички ја нападнал неговата мајка В.М., удирајќи ја со повеќе шлаканици и тупаници по лицето, рацете, дланките како и по грбот. Причина за нападот е тоа што П.М. бил изреволтиран будејќи не му купила ракија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 28.11.2016 година во 05.40 часот во Штип, на ул. „Васил Дуганџиски“ избувнал пожар во напуштена куќа со засега неутврдена сопственост. Екипи на Противпожарна заштита Штип се вклучени во гасењето и се прават напори пожарот да не се прошири на околните куќи, кои, во тој дел од градот се од збиен тип. Засега нема информации за повредни лица.

 

На 27.11.2016 година во 09.35 часот од ЕИК Скопје е известено дека во 01.35 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ две непознати лица, кои биле со ПМВ „БМВ“, извршиле физички напад и со остар предмет му нанеле убодна рана во пределот на стомакот на Т.У. (26) од Скопје. Истиот бил пренесен и задржан во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Причина за нападот била расправија во сообраќајот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

На 27.11.2016 година во 15.45 часот на планината Галичица, после м.в. „Корита“, Н.Џ. (21) од с.Пештани, охридско, додека се движела со нејзиниот пријател, се лизнала и паднала во провалија. На местото на настанот излегле екипи на Итна медицнска помош и Територијалната противпожарна единица Охрид . Од страна на ТППЕ, Н.Џ. била извлечена од провалијата и била пренесена во Медицински центар Охрид. Констатирано било дека истата е вон животна опасност, а карактерот на повредите дополнително ќе биде утврден.

 

На 27.11.2016 година во 09.40 часот на магистралниот пат Струга-ГП „Ќафасан“, кај м.в „Василев Дол“, Ќ.С.(38) од Струга, управувајќи ПМВ „Форд Фиеста“ со охридски регистарски ознаки, поради неприлагодена брзина на движење, со возилото излетал од патот и од здобиените повреди починал на самото место. Смрт е констатиранаод страна на лекар од Медицински центар Струга. Увид извршила екипа од ПС за БПС Струга. Телото е предадено на семејството за погреб.

 

На 27.11.2016 година, поради случена сообраќајна незгода, од 21.45 часот до завршување на увидот во 23.30 часот во прекин бил сообраќајот на магистралниот пат Штип – Радовиш, кај м.в. „Пилав тепе“, со тоа што од 22.30 часот било овозможено сообраќајот повремено да се одвива наизменично во двата правци.

 

НК КР Гевгелија поднесе кривична пријава против М.Т. (24) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.07.2016 година околу 23.30 часот во атар на с. Миравци, во близина на угостителски објект, од страна на полициски службеници сопрено било патничко возило „БМВ“, во кое пријавениот бил сопатник и кај кого при извршен преглед му била пронајдена 0,33 грама наркотична дрога марихуана.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.С. (30) и О.П. (32), двајцата од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 24.11.2016 година во 15.45 часот од страна на полициски службеници на м.в. Ѓавато во паркирано патничко возило биле затекнати пријавените, кои пред да биде извршена контролата преку прозорецот исфрлиле една торба со 1,550 грама наркотична дрога марихуана. Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор од 30 дена.

 

НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.С. (31) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 19.08.2016 година од страна на полициски службеници извршен е претрес во дворот од куќата каде престојува пријавениот во Кичево и во дворот на неговиот сосед А.А. од Кичево,при што била пронајдена пластична кутија со 284,2 грама опојна дрога марихуана.

 

СВР  Велес поднесе кривична пријава против А.Д. (24) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.07.2016 година од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на пријавениот при што се пронајдени вкупно 32 најлонски опаковки „хероин“ со вкупна маса од 6,83 грама.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С. (34) од с.Гошинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и „даночно затајување“. На 07.06.2016 година околу 18.00 часот од страна на полициски службеници на локалниот пат за с.Гошинце било запрено ТМВ „Ивеко“, управувано од пријавениот, во кое при извршен преглед биле пронајдени 42  вреќи со текстилна стока во која имало спортски дресови од брендовите „Nike“, „Adidas“ и „Puma“ – означени со фалсификувани логоа, со вкупна вредност од 1.707.269,68 денари, за кој пријавениот знаел дека се прокриумчарени во Р.Македонија, со што  избегнал плаќање на давачки по основ на царина, акцизи и данок во износ од 254.488,68 денари.