Број на текстови објавени денес: 0

Македонија потпиша нова петгодишна стратегија со ОН

%d0%b4%d0%be%d0%ba%d1%83%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%82-%d0%be%d0%bd

Заменик – претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски и постојаниот координатор на ОН во Македонија Луиза Винтон, во рамки на одбележувањето на 71-годишнината од Обединетите нациија потпишаа новата петгодишна страгегија „Партнерство за одржлив развој“.

Целта на Документот за чие спроведување од 2016 – 2020 година се предвидени 120,9 милиони американски долари, е промоција на рамномерен и одржлив развој, како и поддршка на интеграцијата на Македонија во Европската унија.
Договорени се пет приоритетни области за соработка: вработување, добро владеење, социјална вклученост, одржливост на животна средина и родова еднаквост.

– Глобалната порака содржана во 17-те цели која е преточена во Документот што денеска го потпишуваме, а воедно е и наша национална цел, е секој граѓанин да има еднакви можности за личен развој и исполнет живот -изјави Попоски
Луиза Витон нагласи дека семејството на Обединитети нации ќе продолжи да работи со партнерите во владините институции, граѓанското општество и меѓународната заедница за да се осигура дека во духот на целите за одржлив развој ниту еден граѓанин нема да биде запоставен.