Број на текстови објавени денес: 86

Македонец во Швајцарија со возило се обидел да „пренесе“ цела куќа

blick_ch

На автопатот во близина на швајцарскиот град Швиц македонски државјанин (52) бил запрен од полицијата откако станало јасно дека автомобилот „форд” внатре и на покривот бил претоварен со предмети од домаќинството.

Дозволениот товар за возилото било 300 килограми, а измерени биле вишок од дури 700 килограми. Само предметите на покривот од возилото ја надминале дозволената оптовареност за 300 килограми, објави швајцарскиот весник „Блик“.

На возилото му било забрането да го продолжи патот и ќе му биде изречена соодветна казна.