Број на текстови објавени денес: 0

Маж се задуши во пожар во својата куќа

%d0%bf%d0%be%d0%b7%d0%b0%d1%806

Жител на село Матејче починал вчера откако се задушил од чад по пожар кој избувнал во неговата куќа, соопшти денеска МВР.

Од полицијата информираат дека вчера во 19.30 часот во куќата на 75-годишниот Ш.М од засега непознати причини избувнал пожар во кој биле зафатени две соби.Телото на починатиот било пронајдено во бањата. Лекар од медицинска помош констатирал смрт предизвикана од вдишување чад.

Од територијалната Противпожарна единица информираат дека кај нив пожарот бил пријавен во 19.45 по што се упатиле противпожарни екипи кои го локализирале во 21.45 часот.