Број на текстови објавени денес: 50

Маестро Татарчевски и „Про Арс“ на престижен фестивал во Софија

%d0%b0%d0%b04

Покрај со Женскиот младински хор при МКЦ и студентскиот мешан хор „Драган Шуплевски“ при ФМУ, годинава маестро Сашо Татарчевски остварува богата меѓународна дејност и со нашиот единствен професионален камерен хор „Про Арс“. По успешното претставување на интернационалниот хорски фестивал во Солун, од 25 до 27 ноември маестро Татарчевски и „Про Арс“ ќе настапат и на престижниот фестивал „Петко Стајнов“ во Софија.

Во официјалната програма на фестивалот ќе учествуваат и камерниот хор на Московскиот конзерваториум и филхармонискиот камерен хор од Тајпеј. За овој настан маестро Татарчевски одлучи да подготви програма со најрепрезентативни композиции од бардовите на македонската композиторска школа, Властимир Николовски, Кирил Македонски, Стефан Гајдов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Стојан Стојков и Драган Шуплевски. За комплетирање на пртставувањето на македонската хорска уметност, Татарчевски ќе одржи и предавање на универзитетот „Св. Климент Охридски“ на тема „Хорската музика во Македонија“.

Своето концертно претставување хорот „Про Арс“ ќе го има во аулата на Софискиот универзитет утре со почеток од 19 часот.