Број на текстови објавени денес: 60

Мадона го заведе актерот Идрис Елба

madona10

Британскиот актер во Лондон го снима своето шоу „Идрис Елба: Борач“, во кое се претвора во професионален кик боксер, а на крајот ќе има и вистински меч. По снимањето, тој со пејачката Мадона се нашол во ресторан, а подоцна заминале на забава кај заеднички пријател.

„Воопшто не се криеја. Сосема беше јасно дека се заедно. Малку танцуваа, потоа заминаа на страна да се бакнуваат, а потоа се вратија по шампанско“, вели келнерот, кој ги послужувал. Елба претходно оваа година ја остави вереницата актерката Најан Гарт, со која има двогодишен син. Ја изневерил со манекенката Наоми Кемпбел. Актерот и Мадона досега соработиувале, бидејќи тој работел како ди-џеј на нејзината турнеја во 2015 година.

„Таа е жива легенда и неверојатна жена. Го сакаше најдоброто и затоа ме ангажираше мене“, изјави тогаш актерот, најпознат по улога во серијата „Жица“. Мадона, по разводот од Гај Ричи во 2008 година две години беше во врска со бејзбол играчот Алекс Родригез, а потоа и со актерот Брахим Заибат. Го сакаше и 32 години помладиот манекен Абубакар Сумахор, што Гај Ричи се обиде да го искористи на суд во битката за старателство над нивниот син Роко.