Број на текстови објавени денес: 0

Мавровско Езеро и Радика порибени со 15.000 парчиња поточна пастрмка

timthumb-314

Вработени во националниот парк „Маврово“ денеска извршија порибување на Мавровско Езеро и долниот тек на реката Радика со петнаесет илјади парчиња поточна пастрмка.

Парчињата со тежина од околу 5 грама денеска беа пуштени по долината на Радика на местата Сенечки ливади, Состав на река и езерото „Камп“ и браната во селото Леуново.

Како што информираа од НП „Маврово“, рибниот подмладок од видот Salmo faroides е набавен од репродуктивниот центар „ШУМ“ од Струга со кој паркот има повеќегодишна соработка.

Според програмата за работа на паркот, овие активности ќе продолжат од која се очекува зголемување на рибниот фонд што ќе придонесе за развој и унапредување на спортскиот риболов како една од активностите за развој на туризмот.