Број на текстови објавени денес: 70

„Лучија од Ламермур“ в сабота во МОБ

337

Во сабота, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, после подолга пауза, ќе биде изведена една од водечките белканто опери „Лучија од Ламермур“ на Гаетано Доницети. Во насловната улога е Ана Дурловски. Улогата на Лучија се смета за врв во т.н. колоратурно пеење.

Во останатите улоги ќе настапат: Марјан Јованоски, Зоран Сотиров, Марјан Николовски, Александар Стефановски-бас (во моментов живее и работи во Германија), Николина Јаневска и Јане Дунимаглоски.

Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија, инаку шеф диригент во Македонската опера и балет за тековната сезона.