Број на текстови објавени денес: 0

Либерална партија ги утврди носителите на изборните листи

ldp-660x33051

Либералната партија ги утврди кандидатските листи за претстојните парламентарни избори на 11 декември.

Величковски, Бузлиев, Марковски, Јованова и Мицковски се утврдеи за носители во единиците 1, 2, 3, 4 и 5 на синоќешната седница на Централниот комитет.

Претседателот Ивон Величковски е носител во првата, потпретседателот Кире Бузлиев во втората, Даница Јованова од Кавадарци во четвртата, а економистите Данчо Марковски од Велес и Кице Мицковски од Ресен се носители во третата, односно петтата единица.

– Денес го имам задоволството да ви се обратам како носител на првата самостојна кандидатска листа на Либералната партија по 1994 година, по цели 22 години од последниот пат кога самостојно сме настапиле на парламентарни избори. Доста беше нечујност и невидливост. Доста беше балансирање со туѓите на сметка на политиките, понудата и ставовите на Либералите. Сега секој што ќе ја поддржи Либералната платформа – поддржува јасна платформа на граѓански блок во кој поддршката ја дава лично и несебично – на основа на антипопулизам, реализам и одржливост – рече Величковски.