Број на текстови објавени денес: 70

Лекари без граници: Постојат стравувања дека се удавиле 100 мигранти

download-3305

Околу сто мигранти се водат како исчезнати по потонување на сплав во Средоземното Море, покрај либискиот брег и постои стравување дека тие се удавиле, соопштија денеска „Лекари без граници“.

Оваа меѓународна организација, која им пружа помош на жртвите во вооружените судири, како и во природни и други непогоди, на Твитер објави дека се повикува на сведочењето на 27-те преживеани мигранти.

– Дваесет и седум мажи, кои сега се на бродот „Бурбон Аргос“ биле на сплавот, кој превезувал 130 луѓе. Тие се единствените преживеани. Оваа трагедија е едноставно неподослива – наведува „Лекари без граници“.