Број на текстови објавени денес: 50

Лекарите се борат да го спасат ранетиот Даниел од Ѓорче Петров

golfot1

Лекарите од скопскиот Ургентен центар се борат да ја стабилизираат здравствената состојба на Даниел Т. (1971) од скопската населба Ѓорче Петров, кој вчера на засега непозната локација три пати бил затрелан, во стомакот, градите и во десната рака. Од КАРИЛ утрово за Плусинфо изјавија дека 45-годишниот скопјанец Же во животна опасност.

Од МВР известија дека тој на Ургентен бил донесен од возило на Итна помош. Претходно, некој пукал во Даниел. Се обидел да стигне до болница, но, на Партизанска во Карпош 4 изгубил контрола, по што возилото удрило во бетонската жардињера и се превртело. Од несреќата тој не задобил повреди.

Полицијата извести дека се проверуваат безбедносните улични камери од Сејф сити системот на МВР и дека е започната детална истрага за настанот.