Број на текстови објавени денес: 2

Лекарите потврдија: Тригодишниот син на пејачот Мајкл Бабл има рак на црниот дроб

majkl-babl

Тригодишниот син на пејачот Мајкл Бабл, Ноа, има рак на црниот дроб, тврди еден аргентински магазин. Лекарите во Лос Анџелес минатиот вторник со биопсија го потврдија она од што Мајкл и неговата сопруга, аргентинската актерка Луисана Лопилато најмногу се плашеле. Ноа наводно почнал со хемотерапија која ќе трае четири месеци.

– Ракот е ужасна болест, но ние веруваме дека Ноа ова ќе успее да го преброди. Знаеме дека ќе ја победи болеста. Сега почнува долго и тешко лекување, но без тоа не може. Велат дека децата обично се доволно силни да ја пребродат хемотерапијата, а мојот внук е борец – рекла сестрата на Луисана, Даниела.

Таа додала дека по хемотерапијата Ноа најверојатно ќе мора да оди и на операција, но лекарите прогнозираат дека шансите се 90 отсто дека ќе го победи ракот. Мајката на малото момче требало да почне со снимањето на новиот филм, со Харви Кајтел и Хајден Кристенсен, но и таа и сопругот ги откажале сите професионални ангажмани за да му се посветат на синот.

Како што тврдат некои медиуми, двојката го однела малиот Ноа кај лекар, бидејќи имал висока температура. Се сомневале дека има заушки или мононуклеоза, но деталните прегледи, најпрво во Буенос Аирес, а потоа и во Лос Анџелес утврдиле дека станува збор за рак. Пејачот и актерката овие тажни вести ги објавија минатата недела на Фејсбук. Двојката го има и синот Елиас, која е роден во јануари оваа година.