Број на текстови објавени денес: 18

Леди Гага плачела по резултатите на изборите, сега протестира пред „Трамп тауер“ ФОТО

nintchdbpict000280794981

Музичарката и следбеничка на Хилари Клинтон, Леди Гага, е снимена како пред „Трамп тауер“ во Њујорк Сити рано утринава протестира.

Леди Гага е снимена како стои пред санитетско возило, а во раката држи плаката на која пишува „Love trumps hate“ што во превод би значело дека љубовта е главниот адут на омразата или дека љубовта утрапила омраза.

Гага и порано утринава била видена во солзи во изборниот штаб на Демократската партија. Пејачката, откако резултатите од изборот официјално биле објавени напишала на Твитер: „Во собата полна со надеж, нашиот глас ќе се слушне. Да се кренеме за добрината, љубезноста и љубовта. Ништо нема да нè запре. Молете се за Америка“.

Гага минатата недела во текот на обраќањето на нацијата на предизборниот собир на Хлари Клинтон рекла дека страсно ја поддршува Клинтон.

– Таа е во политиката веќе со децении. Има неверојатно искуство, знаење, таа е водач и тоа мудар водач. Подготвена е да биде претседателка – рекла Гага. Додала и дека кога станува збор за Доналд Трамп, дека неговите следбеници, кои ги сметале за непријатели мора да ги придобијат како сојузници, бидејќи причината за тоа е дека сите се посилни заедно.