Број на текстови објавени денес: 46

Легендарниот Роберт Редфорд ја напушта глумата

redford

Американската филмска легенда Роберт Редфорд најави дека наскоро ќе се повлече од светот на глумата и ќе се фокусира на режијата.

Во интевјуто со својот внук Дилан Редфрод, 80-годишниот Роберт Редфорд рекол дека станува изморен од глумата. Редфорд рекол дека има два актерски проекти – „Our Souls at Night “ со Џејн ФОнда и „The Old Man and the Gun“, но дека ќе се повлече од актерството кога со нив ќе заврши.

– Кога ќе бидат завршени, тогаш ќе кажам „во ред, тоа е збогум на сето тоа“ и потоа ќе се фокусирам на режијата – рекол Редфорд.

Роберт Редфорд ја доби првата филмска улога во 1962 година, а по седум години стана светска ѕвезда, пред сè, благодарание на улогата во филмот „Буч Касиди и Санденс Кид“

Во кариерата играше во повеќе од 30 филмови, вклучувајќи ги „Три дена на Кондорот“, „Големиот Гетсби“, „Сите луѓе на претседателот“ и „Моја Африка“.

Во 1981 година доби Оскар за режија на филмот „Обични луѓе“.