Број на текстови објавени денес: 13

ЛДП: Аргировски свесно ги доведува пензионерите во заблуда

ldp-660x33052

Со изјавата за телевизијата 24 Вести, Драги Аргировски го покажа своето вистинско лице, манипулант со што пензионерите ги става во заблуда. Во предизборниот период на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември 2016-та, различни политички партии потпишаа политички коалиции со кои сакаа да стекнат подобри позиции пред гласачкото тело. Во тие моменти, помпезно се појавува и Драги Аргировски, на чело на Сојузот на здруженијата на пензионери на Република Македонија и без никакви консултации, потпишува Меморандум за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ЛДП.

Потпишувањето на Меморандумот преставува акт на политичка соработка. Снимката од потпишувањето неколку дена се емитуваше на повеќе ТВ станици во ударни термини. Со самото тоа се испрати индиректна и суптилна порака до пензионерите за кого да гласаат на претстојните избори.

Во изјавите на неколку претседатели на пензионерски здруженија беше критикувано и осудено потпишувањето на ваков меморандум, што е во спротивност со Статутот на Сојузот на здруженија на пензионери на РМ во член ‘‘10. Сојузот е невладина, непартиска и мултиетничка асоцијација‘‘, така да со самото потпишување на меморандумот, Аргировски постапил антистатутарно, односно го прекршил законот за невладини организации. Се прашуваме, зошто, ако Аргировски имал политички амбиции не формирал политичка партија преку која ќе можел слободно да ги реализира своите идеи и проекти.

Исто така, Аргировски никогаш јавно не го коментирал укинувањето на Законот за усогласување на висината на пензиите. Во 2014-та година се воведе линеарно зголемување на пензиите , со тоа што истото во повеќе наврати се спроведуваше и во предизборен контекст.

Пензионерите, зголемувањато на пензиите го добиваат пред самите избори, што треба да претставува потсетник за кого да гласаат.
Пензионерите од линеарното зголемување на пензиите не треба да добиваат “грижа на совест“. Во секој случај како и со Законот за усогласување на пензиите истите треба двапати годишно да се усогласат со растот на трошоците на живот. Пензиите се стекнато право од работен однос. Ќе го земеме тоа што е наше, на гласање ќе излеземе слободно и независно од самоволието на Аргировски, ќе гласаме по сопствен избор“, велат од ЛДП.