Број на текстови објавени денес: 10

Лајм: Прекопуца грубо лаже

%d0%bb%d0%b0%d1%98%d0%bc3

Весникот Лајм ги нарече груби лаги обвинувањата од страна на потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, во кои тој тврди дека уредникот на весникот  му се заканувал.

Од весникот тврдат дека  го разговарале со Реџеп Прекопуца, откако од ДИК го информирла весникот, дека Прекопуца интервенирал да не се објави оглас во весникот со објаснување дека понудената цена била висока.

„Нашата понуда за објавување оглас од 30 страни, во врендост од 240 илјади денари (цена со 50 отсто поуст во однос на официјалниот ценовник), пред челновите на ДИК, Прекопуца ја преставил како понуда од еден милион и 240 илјади денари. Мислиме дека ова е намерно направено, бидејки во појанувањето од ДИК се вели дека цената за објава со ДДВ ќе изнесува 280 илјади денари, со што ги довел во заблуда ДИК.Откако го известивме дека ќе го тужиме, а го запознавме и  со доказите кои ги поседуваме, тој излезе од контрола, почна да вика и недолично да се однесува и да се заканува“ стои во реакцијата.

Од весникот информираат дека за случајот ќе ја известат полицијата и ќе побараат полициска заштита.Информација ќе биде испратена и до претседателот и членовите на ДИК, од кои биде побарано да преземат соодветни мерки, а ќе бидат известени и мисијата на ОСБЕ/ОДИХР и амбасади во Скопје.