Број на текстови објавени денес: 0

Лавров: Москва ќе придонесе за решавање на кипарското прашање

%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b832

Москва ќе придонесе во напорите за постигнување договор за Кипар во согласност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната средба со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

За време на состанокот во Атина, Лавров посочи дека главната причина што досега не е постигнат договор е тоа што „некои држави не сакаат да се реши кипарското прашање“.

– Не треба да толерираме надворешен притисок или обиди да се наметнат крајни рокови, рече тој.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Лавров изјави дека договорот треба да биде во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Кипар и да има поддршка од двете етнички заедници на поделениот остров.

Шефот на руската дипломатија денеска во Атина ќе се сретне и со грчкиот премиер Алексис Ципрас и со министерот за надворешни работи Никос Коѕиас.