Број на текстови објавени денес: 18

Кутии со прва помош во близина на опасните детски игралишта ГАЛЕРИЈА

%d0%bf%d0%b1

Деновиве беше спроведена нова герила акција, како апел за спас на уништените и несигурните игралишта.

Организаторите одлучија да стават кутии со прва помош бидејќи на тие места секојдневно, за среќа полесно, се повредува по некое дете и прашање на време е кога ќе се случи некоја поголема несреќа.

„Оваа акцијата е посветена на катастрофалната состојба на многу детски игралишта кои претставуваат опасност за децата кои таму играат. Речиси секое трето игралиште во Скопје е оштетено или несигурно. Со бројот на оштетени детски игралишта кои претставуваат опасност за децата предничат скопските населби Карпош, Центар и Кисела Вода, додека во населбите Аеродром и Ново Лисиче навидум состојбата е подобра но таму пак, игралиштата се направени генерално од метал и плех (за разлика од дрвото и обработенте профили кои преовладуваат во центар и карпош) кои се многу пооотпорни но се со остри рабови и ќошиња кои сами по себе се опасност за децата. Интересно е дека најодржани (иако стари) се игралиштата во скопските приградските населби како Илинден и Белимбегово“, се наведува во соопштението.