Број на текстови објавени денес: 10

Куба прогласи деветдневна жалост

%d0%ba%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d0%be2

Властите на Куба денеска прогласија деветдневна жалост по повод смртта на поранешниот кубански лидер Фидел Кастро, кој почина минатата ноќ во Хавана.

Во соопштението на кубанските власти се наведува дека посмртните останки на Кастро ќе бидат погребани на 4 декември во градот Сантијаго де Куба.

„Од 26 ноември до 4 декември се откажуваат сите јавни активности и свечености, а националното знаме ќе биде поставено на половина кошје пред државните згради и воените објекти“, се додава во соопштението.

Веста за смртта на 90-годишниот Фидел Кастро рано изутринава ја соопшти неговиот брат и актуелен претседател на Куба, Раул Кастро.

– Главниот командант на кубанската револуција почина вечерва во 22:29 часот (утрово во 04:29 по средноевропско време) – објави Кастро во специјалното обраќање до нацијата преку националната телевизија.

Тој информираше дека телото на „ел команданте ен хефе“, согласно неговата желба, ќе биде кремирано во текот на денешниот ден