Број на текстови објавени денес: 70

Кривичен суд:Манчевски ургирал кај Неделкова кандидатите за пратеници да добијат уверенија

%d0%b4%d0%bc1

Врховниот суд попладнево до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, достави допис со кој го известува претседателот на Кривичниот суд дека до претседателот на Врховниот суд била испратена ургенција од шефот на Изборниот штаб на СДСМ, Дамјан Манчевски, со која се бара првостепениот суд да овозможи уредно и благовремено издавање на уверенија за неосудуваност за кандидатите на листите за пратеници за потребите на престојните вонредни парламентарни избори.

„Во дописот се вели дека „Согласно наведеното, имајќи ги предвид скратените рокови за предвремените парламентарни избори, ви укажуваме за потребно во рамки на Вашите законски надлежности, а по пат на судската управа, да организирате навремено издавање на потребните уверенија“

Дополнително во текот на денешниот ден од медиумите сме известени дека и Државната изборна комисија од судот побарала поажурно да ги изготвува уверенијата за носудуваност.

Со оглед да се работи за прашање за кое Основниот суд Скопје 1 – Скопје, уште во текот на вчерашниот ден, преку соопштение им укажа на барателите навреме да поднесат барање за потребните уверенија, http://osskopje1.mk/Novosti.aspx?novost=577 , како и начинот како се аплицира за истите. Како и уште едно соопштение, објавено во текот на вчерашниот ден, http://osskopje1.mk/Novosti.aspx?novost=578, со кое им се појасни на барателите за ажурноста на судот со цел кандидатите да го запазат законскиот рок и истото беше пренесено од повеќе електорнски и пишани медиуми. Ги известуваме сите инволвирани дека, ова е вообичаена процедура по која постапува судот и по која постапувал на сите претходни изборни процеси, а во однос на дежурствата истите се организирани, уште од од вчера, Уверенијата од Казнена евиденција, кои порано се викаа Уверенија за неосудуваност, веќе се издаваат навремено, и доколку рокот за пријавување од страна на ДИК биде продолжен, секако дека ќе се воведат дежурства и за дополнителните денови.

За сето ова како суд известивме уште вчера, што како што наведовме погоре беше пренесено од повеќе медиуми, и истото важи за сите кандидати кои треба да добијат соодветно Уверение во предвидениот рок , а не само за тие кои испратиле ургенции преку повисокиот суд или на друг начин, па затоа и непотребно се политизира работата на судот и се злоупотрбува ажурноста на судските служби со наводи дека преку судт се опструираат изборите“, се наведува во соопштението од скопскиот Кривичен суд.