Број на текстови објавени денес: 46

Кремљ збесна поради разголените фотографии на жената на висок функционер ФОТО

svetlana-zakharova-hot-143923

Светлана, сопственичка на синџир познати бутици, предизвика бес на социјалните мрежи, особено затоа што е мажена за четири години помладиот Тимур Иванов, заменик на рускиот министер за одбрана. Еден од коментарите на социјалните мрежи гласи: Барем сега војниците знаат за чиј луксузен задник ги даваат животите во Сирија и во Украина“

Рускиот застапник во парламентот, го повикал официјално рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, еден од најблиските соработници на Путин, да упати укор до Иванов поради овие фотографии. Најмладиот пратеник во руската Дума, Васиљ Власов, изјавил: „Осудата на јавноста не е доволна казна. Нашиот ценет министер за одбрана мора да внимава што работат сопругите на неговите подредени, како што секој водач мора да преземе одговорност за постапките на подредените“.

Но фитнес тренерот Елена Санжаровскаја, ја поддржа Светлана. Таа за „Дејли мејл“ изјави: „Прекрасните слики во бикини ги коментираат луѓе со двојни стандарди кои седат во своите фотелји со чипс и пиво и пишуваат отровни работи. А пратеникот Власов би требало под итно да посети психолог или сексуален терапевт“