Број на текстови објавени денес: 46

Кредитната активност стагнира

%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%b815

Воздржана кредитна активност со мал пораст заклучно со септември, регистрираше Народната банка.

Сепак банкарскиот сектор очекува да се зголемува побарувачката на станбени кредити, но затоа очекуваат побарувачката на потрошувачки кредити ќда забавува.

„Резултатите од Анкетата за кредитната активност укажуваат на нето -намалување на побарувачката за потрошувачки кредити, при мало нето – зголемување на побарувачката за станбени кредити. Што се однесува на одделните типови кредити на домаќинствата, прирастот и натаму произлегува претежно од зголемувањето на потрошувачките кредити, но со помал придонес во однос на претходниот квартал“ се наведува во ноемврискиот извептај на НБРМ.

Кредитите на корпоративниот сектор забележаа квартално намалување од 1,1 отсто.

Заклучно со септември вкупната кредитна изложеноста на банките изнесувала 4,4 милијарди евра, при што раст има кај денарските додека намалување има кај девизните кредити.